Регистар на годишни сметки
www.crm.com.mk
НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ
  • 04.02.2020- Субјектите кои немаат доставено годишна сметка за 2018 година, истата може да ја достават само во хартија. Трговските друштва и трговците поединци заедно со годишната сметка се обврзани да достават и ревизорски извештај.
ПОДНЕСИ ГОДИШНА СМЕТКА
  • Поднеси годишна сметка он-лине повеќе...

  • Превземи обрасци за поднесување на годишни сметки во хартиена форма повеќе...
ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ ОД РЕГИСТАРОТ
  • Провери големина на субјект повеќе
  • Национална класификација на дејностите НКД
  • Барање од регистарот за годишни сметки со дел од тарифник РГС 1
  • Информации од регистарот на годишни сметки повеќе
ОПШТИ ТЕХНИЧКИ ПРАВИЛА

Електронско поднесување на годишна сметка може да се направи преку следните прелистувачи:

- Google Chrome, минимум верзија 29 или понова

- Opera, минимум верзија 16 или понова

- Mozilla, минимум верзија 52 или понова 

Треба  да се инсталира екстензијата за дигитално потпишување на XML документи. За подетали информации одете на Техничко упатство.

Електронското потпишување може да се изврши со било кој квалификуван дигитален сертификат на подносителот (овластено лице или сметководител) издаден на негово име. За набавка, инсталација и користење на квалификуван дигитален сертификат Ве молиме обратете се кај овластените издавачи на територијата на Република Северна Македонија: КИБС АД - Скопје и Македонски Телеком АД – Скопје. Дигиталниот сертификат треба да е инсталиран на компјутерот на подносителот.  

Доколку имате сертификат на БСЕП (токен) Верба К2 или Верба Про2, потребно е да имате инсталирано соодветниот софтвер за Gemalto и истиот да го приклучите во компјутер. Доколку вашиот токен не е добро инсталиран, ќе мора да ги доинсталирате драјверите за истиот, наведени во линкот на страната на КИБС. 

При електронското поднесување на одредена годишна сметка/финансиски извештај внесувањето на податоци и електронското потпишување може да се изврши на два начина:

  1. Преку пополнување на соодветни полиња од графичкиот кориснички интерфејс и користење на функционалност за потпишување на веб апликацијата за електронско поднесување;
  2. Преку прикачување на XML датотека, која содржи соодветни податоци.

Електронското потпишување е подржано од оперативен систем Windows 7, Windows 8, Windows 10 и Windows ХР.

 

ПРАВИЛА ЗА СТРУКТУРА НА XML ДАТОТЕКА

XML датотеката посебно за секој вид на обработка (согласно пропишаните обрасци) треба да биде со структура, правила и податоци определени:

  1. Во соодветна XSD шема и структура во канонична форма (Canonical XML). XSD шемите се достапни за преземање од веб локациите со наслов: „Правила во XSD шема“ во менито “Технички упатства”;
  2. Со предефинирани вредности на идентификаторите во XSD шемите, кои се елементи во XML датотеките и се дадени на веб страниците: „Заеднички идентификатори и правила“, „Обрасци“ и „Документи и годишни сметки “ во менито “Технички упатства”;
  3. Со логичките и математички контроли на финансиските податоци, согласно правилата кои се дадени на веб страниците: „Логички и математички контроли “ во менито “Технички упатства”.

XML датотека која не е со структура и правила наведени под точки 1 и 2 нема да може да биде успешно прикачена/прочитана. За проверка на структурата на XML датотека може да ја користите функционалноста на следната Веб локација.
Доколку финансиските податоци не се согласно правилата назначени во точка 3, податоците од XML датотеката ќе бидат прочитани и ќе бидат прикажани правилата/контролите кои не се исправни.

XML датотеката може, но не мора да биде електронски потпишана. Потпишувањето и стандардизацијата на структурата на XML датотеката (Canonical XML) може да се извршат согласно насоките дадени во следното упатство.

РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ

Сите права се задржани © 2013 Централен Регистар на Република Северна Македонија
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1 1000 Скопје
тел. +389 2 3288 100
факс +389 2 3123169