www.crm.com.mk
Најнови информации
  • Намалување на тарифата за електронска регистрација.  -  16.09.2011   повеќе...
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на правни лица.  -  03.01.2011   повеќе...
  • Кои услуги ги нуди Системот за електронска регистрација?
  • Електронско поднесување на пријави за упис на основање, промена и бришење
  • Електронско плаќање на надомест за упис
  • Решенија за упис во електронска или хартиена форма
  • При упис на основање, можност за пријавување на лицата овластени за застапување во задолжително-то социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување).
  • Трговски регистар и Регистар на други правни лица
    Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да поднесете пријава за упис на основање, промена и бришење. Целата постапка можете да ја спроведете преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
    Системот Ви е достапен 24 часа секој ден. Разгледувањето на пријавите ќе се врши од понеделник до петок, од 8:30 – 16:30 часот.
    Намалување на тарифата за електронска регистрација.  -  16.09.2011
    Воведени се две тарифни ставки за електронска регистрација:
    1. 50 % намален надоместокот за е-регистрација (основање) на друштво (ДОО/ДООЕЛ) за студенти претприемачи.
      Новата тарифна ставка изнесува 1.199,00 денари.

      За идентификација, потребно е при поднесувањето на пријава за упис во системот за електронска регистрација да се прикачи потврда од факултет за редовен или вондреден студент.


    2. 10 % намален надоместокот за е-регистрација (основање) на друштво (ДОО/ДООЕЛ) во однос на редовниот надомест за поднесување во канцелариите на ЦР.
      Новата тарифна ставка изнесува 2.244,00 денари.

      Тарифа за висината на надоместокот за користење на услугите од Централниот регистар на Република Македонија. Преземи
    Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на правни лица.  -  03.01.2011
    Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на правни лица. Преку системот подносителите ќе може да ги спроведат сите типови на уписи во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица без да мора да дојдат во регистрационите канцеларии на Централниот регистар.