www.crm.com.mk
Најнови информации

РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ-  Воведена нова категорија на подносител  на пријави во единствениот трговски регистар преку системот за е-регистрација   повеќе...

Во работа е пуштен системот за Електронска регистрација на правни лица. - 03.01.2011 повеќе... Историјат

 

Кои услуги ги нуди Системот за електронска регистрација?
  • Електронско поднесување на пријави за упис на основање, промена и бришење
  • Електронско плаќање на надомест за упис
  • Решенија за упис во електронска или хартиена форма
  • При упис на основање, можност за пријавување на лицата овластени за застапување во задолжително-то социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување).
Трговски регистар и Регистар на други правни лица
Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да поднесете пријава за упис на основање, промена и бришење. Целата постапка можете да ја спроведете преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Системот Ви е достапен 24 часа секој ден. Разгледувањето на пријавите ќе се врши од понеделник до петок, од 8:30 – 16:30 часот.
Поднесете пријава во 3 чекори :
1. Обезбедете сертификат

За дополнителни информации, Ве молиме обратете се до центарот за помош на корисници:
E-mail: tehnichkapomosh@crm.org.mk

 - Соња Вугерт
  тел. 078 491 774
- Ленче Петрова Киранџиска
  тел. 078 491 776

Телефонска линија за пријава  на  повреда на одредбите од ЗТД и ЗЕШС при постапката за упис, преку системот за е-регистрација тел.+389 2 3288 194



 Телефони: + 389 2 3288-100, +389 2 3288-294

Добредојдовте во системот за електронска регистрација

 

Листа на овластени регистрациони агенти преземи

Системот за електронска регистрација Ви нуди брз, едноставен и сигурен начин на реализација на сите видови уписи во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Дополнително, при упис на основање, Ви нуди можност за пријавување на лицата овластени за застапување во задолжителното социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување).

ПОДНЕСЕТЕ ПРИЈАВА ВО ТРИ ЧЕКОРИ:

  1. Обезбедете сертификат
  2. Подгответе документација
  3. Поднесете пријава

Ви посакуваме пријатно корисничко искуство!

ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Постапка за добивање на овластување

Овластувањето " РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ " се добива врз основа на поднесено барање за добивање на овластување и прилози согласно Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

Барањето може да се преземе (овде).

Прилози кон барањето:

  1. Доказ за вработено лице(М1/М2 образец), истото да поседува уверение за сметководител/овластен сметководител и едновремено да има потврда за успешно завршена обука,
  2. Фотокопија од уврението за сметководител/овластен сметководител
  3. Изјава за заштита на личните податоци, потпишана од лицето наведено во точка 1. Изјавата може да се преземе (овде)
  4. Потпишан договор за користење на Системот за е-регистрација и истиот се доставува во два примероци.  Договорот може да се преземе (овде).

За дополнителни информации , контактирајте не преку  e-registracija@crm.org.mk или на тел.+ 3892 3288-298, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.