МАГАЦИН во Маџари (732417)  Аукција без почетна цена

АД ТИПОво стечај Скопје

Наддавањето за овој производ заврши.

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Успешни  
Content/listingImages/20191104/6135866b-b54a-41c3-b9a0-360e496a7124_fullsize.jpg
Тековна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: вторник, 14 јануари 2020 11:30:00
Историја на понуди: 4 Понуди  
Наддавањето започна: вторник, 14 јануари 2020 11:00:00
Прегледи на страната: 2004  

За продавачот

Од страна на:  dragi.momirovski.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

Недвижен имот запишан во ИЛ бр. 3804 КО Маџари, на КП 2440 дел 1, на ул.Зенадин Џемаил, со вкупна површина од 6.883 м2, а кој се состои од: управна зграда од 975 м2; Магацин со рампа од 5.469 м2; портирница од 22 м2; котлара од 139 м2; работилница и компр. од 193 м2; гаража од 46 м2 и гаража од 48 м2. Вкупната проценета вредност на овој имот е во износ од 2.951.145 ЕУР или 181.495.415,00 денари.

Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кои ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција од 10% од проценетата вредност односно 18.149.541,00 денари.

Депозитот да се уплати на депозитна сметка во КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ број 300000001996102  на име на ТИПО АД во стечај, Скопје, најкасно до 10.01`.2020 година и да се извести стечајниот управник со доказ за уплата, податок за корисничко име и контакт. Заинтересираните учесници треба да се најават за купувачи во системот на е – услуги стечајни постапки: e – submit.crm.com.mk/e Auktion/ и корисничкото име да го достават до стечајниот управник.

Јавното надавање без почетна цена ќе се изврши на ден 14.01.2020 година и тоа:  од 11,00 до 11,30 часот;  Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути пред истекот на е – акуцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 мин. По завршување на јавното надавање, Е – системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето. За избраниот најповолен понудувач, Стечајниот управник го известува Стечајниот Судија со предлог да се свика Собрание на доверители на кое ќе се донесе одлука дали имотот – предмет на продажба ќе биде продаден на најповолниот понудувач. Стечајниот судија ќе донесе Решение, врз основа на кое најповолниот понудувач ќе треба да ја уплати понудената цена во рок од 8 дена. По извршената уплата Стечајниот судија носи Решение со кое констатира дека имотот е продаден, а кое Решение ќе биде основ за упис во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите, а за движните ствари Стечајниот управник ќе издаде фактура. Во случај на неисполнување на обврските депозитот на најповолниот купувач се задржува. На учесниците кои нема да понудат највисок износ, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 дена, сметано од денот на завршување на наддавањето.

Сите споредни давачки – даноци, такси и др. паѓаат на товар на купувачот.

                                                        Стечаен управник, Драги Момировски 078 243779

Дополнителни информации

Проценета вредност: 181.495.415

Дозволени учесници

.