Пакет 1 - Опрема, подвижен имот и информатички средства (728560)  Аукција без почетна цена

ТРД Радио Слободна Македонија ДООЕЛ во стечај Скопје

Наддавањето за овој производ заврши.

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Неуспешни  
Content/listingImages/20191205/becfb97d-bb71-4b41-8e9c-09fdda97e351_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: понеделник, 23 декември 2019 08:31:59
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: понеделник, 23 декември 2019 10:00:00
Прегледи на страната: 813  

За продавачот

Од страна на:  biljana.stefanovska.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20191205/becfb97d-bb71-4b41-8e9c-09fdda97e351_fullsize.jpg Content/listingImages/20191205/887e3b23-adbf-4a6a-9962-1a452a1a82ef_fullsize.jpg

Опис

Согласно одлука на Собрание на доверители и Одбор на доверители, а врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на ТРД РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ во стечај Скопје, објавува:

 

О Г Л А С

За прва продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена

Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник и тоа:

 

Пакет 1

-Опрема(радиоопрема,предаватели,миксети,сталцизакамери,слушалки,светла,микрофони,

звучници,компјутери,телефонска централа,алармни системи,клима уред, камери за надзор , телефони и друго.)

-Подвижен имот (канцелариска опрема, столици, бироа, мобилни телефони, гардеробери, полици, комода ормари и друго).

-Информатички средства(лап топови, принтери, храд дискови, УПС и друго.)

 

согласно проценка од овластен проценител, со вкупна проценета вредност од 17.891.858,00 денари.

 

Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 23.12.2019 година.

 

Електронското наддавање за Пакет 1 ќе почне во 10:00 часот.

 

Електронското јавно наддавање трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. 

Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.

За можни скриени дефекти и недостатоци на имотот предмет на продажба по овој оглас продавачот се оградува, од причина што истиот имот во моментот на извршен увид и проценка не беше приклучен во функција и работа.

Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-стечај на Веб страницата на Централниот Регистар на РМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.

Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 20.12.2019 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот.

 

Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник ТРД РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ во стечај Скопје, со бр.200003443572742 Стопанска Банка АД Скопје.

 За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при Централниот Регистар на Република Македонија.

Разгледување на  имотот и увид на истиот во текот на траење на овој оглас може да се изврши секој работен ден од 10,00 до 14,00 часот со претходна најава, или да добијат информации на телефони 071/218-134 и 075/423-320 или преку e-mail: pekons@yahoo.com или biljana.su@t.mk

По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.

Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.

 Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, зголемен за износот на ДДВ,  а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.

На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.

Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното наддавање на е-аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозит.

Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки), и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда, и паѓаат на товар на купувачот.

                                                                                                            Стечаен управник

Дополнителни информации

Проценета вредност: 17.891.858

Дозволени учесници

.