Статус: Успешни |
Наддавањето завршува: | четврток, 21 ноември 2019 15:10:00 |
Историја на понуди: | 19 Понуди |
Наддавањето започна: | четврток, 21 ноември 2019 14:00:00 |
Прегледи на страната: | 2653 |
Од страна на: vladica.ivanovska.w1 | |||
Фидбек : | 4 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
- Се врши прва продажба на деловен простор во сопственост на стечајниот должник АВИОИМПЕКС АД Скопје во стечај, запишан во и.л. бр.110174 , изграден на КП бр.13500, кат ПР, на Ул.Маршал Тито бр.13/19 во Скопје-КО Центар, со површина од 76м².
Проценетата вредност на овој недвижен имот изнесува 18.984.027,00 денари.
Минималниот износ на наддавање изнесува 500.000,00 денари.
Продажбата се врши на принципот видено-купено.
Право на учество во електронската продажба имаат домашни и странски правни и физички лица кои најдоцна до 18.11.2019година ќе уплатат депозит за учество во електронската аукција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот кој е предмет на јавното наддавање, на сметката на стечајниот должник АВИОИМПЕКС АД Скопје во стечај, со број 300000003932028 во Комерцијална Банка АД Скопје .
Заинтересираните домашни и странски правни лица за купување на погоре опишаниот имот,кои претходно уплатиле депозит за учество, се најавуваат преку системот за Е-Аукција до стечајниот управник Владица Ивановска на Е-услуги, стечајни постапки – e-submit.crm.com.mk/eAuction дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба, по што тој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот за Е-Аукција.
Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 21.11.2019година со почеток во 14:00 часот, наддавањето ќе трае триесет минути и ќе заврши во 14:30 часот.
Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Заинтересираните учесници имотот може да го разгледаат на 14,11,2019 година од 14:30 до 15:00 часот, по претходна најава кај стечајниот управник или информации во врска со продажбата да добијат на телефон 075/ 20 33 63.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна, должен е да го уплати понудениот износ зголемен за обврската за ДДВ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на уплатениот депозит.
Сите обврски кои ќе произлезат од купопродажбата по овој оглас паѓаат на товар на купувачот.
Проценета вредност: | 18.984.027 |
.