Недвижен објект, нелегален (заштитено рурално подрачје до река Бабуна-Велес) (1266506)  Аукција без почетна цена

ПРИМА ДООЕЛ СКОПЈЕ ВО СТЕЧАЈ

Наддавањето за овој листинг започнува со понеделник, 31 август 2026 12:00:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 7 Денови, 7 Часа
Content/listingImages/20260811/842203ba-17b8-403a-9721-f063865c9ba2_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: понеделник, 31 август 2026 12:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: понеделник, 31 август 2026 12:00:00
Прегледи на страната: 374  

За продавачот

Од страна на:  mihail.momirovski.w4
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20260811/842203ba-17b8-403a-9721-f063865c9ba2_fullsize.jpg Content/listingImages/20260811/48ec33e5-e6ad-4c1d-9b37-098acc7c64be_fullsize.jpg Content/listingImages/20260811/6a2606fd-2b1b-4d20-af41-08d3e9e89c2f_fullsize.jpg Content/listingImages/20260811/909bd2ca-abc4-4f93-b882-60cb2e37ca54_fullsize.jpg

Опис

Врз основа на одлука на Собрание на доверители за затворање на деловниот потфат на стечајниот должник и член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, по претходна извршена проценка на имотот, стечајниот управник на Друштво за трговија на големо и мало ПРИМА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје-во стечај, со МБС: 4196236 и  ЕДБ: 4030990137162 објавува: 

ОГЛАС

За продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена. Прва јавна продажба.

Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник:

Недвижен имот деловен објект, приземје мала хала производство на овчо сирење (без опрема), први спрат административен дел, со проценета вредност од 1.878.524,00 денари. Објектот се продава како нелегализиран, изграден на земјиште на РМ. Предлогот за легализација на објектот не е прифатен во второстепена постапка (ВПП), бидејќи се наоѓа внатре 50м во заштитено рурално подрачје до река Бабуна на излез од градот Велес.

Имотот кој е детално опишан во извештајот за извршена проценка се продава на принцип видено-купено без дополнителни приговори и рекламации за било какви недостатоци на имотот.

Заинтересираните правни и физички лица за купување на горенаведениот недвижен имот, кои ќе уплатат 10% од проценетата вредност, за учество на јавното наддавање се најавуваат преку системот за Е-аукција (https://e-submit.crm.com.mk/eAuction/), и испраќаат барање до стечајниот управник Михаил М. за да бидат регистрирани во табелата на дозволени учесници на електронската продажба. Учесниците се најавуваат до претпоследниот ден од денот на аукцијата.

Право на учество во електронската продажба имаат учесниците, домашни и странски правни и физички лица,  кои ќе уплатат депозит или достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот, што е предмет на продажба на сметка: 300000004549433 Комерцијална Банка АД Скопје, најдоцна до претпоследниот ден од објавата на огласот во ЦР на РСМ, со назнака-депозит за учество на јавна продажба. 

Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот со претходна најава на телeфон 078-259-705, секоја среда и петок од 12:00 до 14:00 часот или да добијат информации на електронска адреса: primastecaj@gmail.com.  

Електронската продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 31.08.2026 година со почеток во 12:00 часот.  Проценетата вредност на недвижноста-објект, е во вкупен износ од 1.878.524,00 денари и наддавањето ќе трае триесет минути, до 12:30 часот. Доколку некој понудувач поднесе понуда во период од 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. Прагот за минималниот износ за наддавање е определен од системот за е-аукција.  

По завршување на електронската аукција системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.

Доколку при електронската продажба по пат на јавно наддавање без почетна цена биде понудена определена цена, одлуката за продажба ја носи Собранието на доверители, а понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена сметано од денот на одржувањето на Собранието на доверителите.

Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум дена по добивањето на Решението од стечајниот судија, во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.

Купувачот покрај постигната цена, плаќа други расходи и давачки кои ќе произлезат од продажбата, купувачот ги сноси сите даноци и трошоци за пренос на сопственоста.

На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од три работни дена од денот на донесување на Одлука за избор на најповолен понудувач. 

Стечаен управник

Дополнителни информации

Проценета вредност: 1.878.524

Дозволени учесници

.