кабел – флексибилен индуктор (1263607)  Аукција без почетна цена

ИТАТИ ИНЖЕНЕРИНГ МК ДОО Битола во стечај

Наддавањето за овој листинг започнува со четврток, 02 јули 2026 13:00:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 8 Денови, 16 Часа
Content/listingImages/20260616/a035b733-1e0a-4f0b-8708-6bc0a1d3d9a0_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: четврток, 02 јули 2026 13:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: четврток, 02 јули 2026 13:00:00
Прегледи на страната: 130  

За продавачот

Од страна на:  daniela.blazevska.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

Врз основа на Одлуката на Собранието на доверители во стечајната постапка СT, 7/26 над стечајниот должник Друштво за изградба, производство на опрема и монтажа на енергетски индустриски објекти ИТАТИ ИНЖЕНЕРИНГ МК увоз-извоз ДОО Битола во стечај а согласно членовите 98, 99 и 100 од Законот за стечај , како и  Правилникот за начинот на спроведување на постапка за електронска продажба /Сл весник на РМ бр.47/2014/, по претходно извршена процена на имотот на стечајниот должник, стечајниот управник објавува по прв пат

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/1

за електронска продажба

Предмет  на  Јавниот  оглас  е  продажба  на подвижен  имот  – матерјали по  пат  на  е-аукција:

- кабел – флексибилен индуктор со размер во см. 80х120х60

ВКУПНО проценетата вредност на имотот предмет на продажба изнесува 779.240,00  ден.

Наведениот имот се продава во денари преку е-аукција без почетна  цена. Имотот  се  продава  по  системот  видено-купено,  дополнителни  рекламации  не  се  признаваат.  За  учество  на  е-аукцијата, учесниците ЗАДОЛЖИТЕЛНО да уплатат депозит во висина од 10% од проценетата вредност, односно 77.924,00  ден. најдоцна до 30.06.2026 година. Депозитот се уплаќа на трансакциската сметка на ИТАТИ ИНЖЕНЕРИНГ МК ДОО Битола во стечај – број 300-060 000 2316-69 депонент на Комерцијална Банка АД Скопје , со назнака “за учество на е-аукцијa на оглас бр. 1/1”. Почетната цена е 0,00 денари (НЕ СЕ ЗАПОЧНУВА СО ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ). Е-аукцијата ќе се одржи на ден 02.07.2026 година со почеток во 13.00  часот  и  ке  трае  30  минути  до  13.30  часот,.  Матерјалите   кои  се  предмет  на  електронска  продажба  може  да  се  разгледаат  на  ден  29.06.2026 година  од  12-14  часот  со  претходна  најава  кај  стечајниот  управник. 

Стечајниот  судија  во  рок  од  15  дена  од  денот  на  извршената  електронска продажба,  доколку не се постигне проценетата вредност свикува Собрание на доверители кое носи Одлука дали имотот ќе биде продаден по постигната цена.  При  одлучување  за  продажба  на  предметниот  имот  се  разгледува  највисоката  пристигната  понуда  на  е-аукција  без  разлика  што  е  помала  од проценетата вредност.

Во случај кога Собранието на доверители не е одржано, Стечајниот судија врз основа на писменото известување во рок од 3 дена по денот за кој било свикано  Собранието  на  доверители  носи  решение  за  извршената  продажба  и  го  задолжува  купувачот  да  го  уплати  износот  на  постигната  цена.  По извршената  уплата  на  износот  на  постигната  цена,  стечајниот  судија  во  рок  од  3  дена  носи  решение  со  кое  констатира  дека  имотот  е  продаден  кое решение  преставува  основ  за  пренос  на  сопственоста  и  запишување  во  јавните  книги.  На  учесниците  кои  нема  да  му  биде  прифатена  понудата, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 3 (три) дена сметано од денот на завршување Е-Аукција, освен на учесникот чија понуда ќе биде победник на е-аукцијата. Сите даноци и други давачки поврзани со продажбата на имотот/ДДВ кои не е вкалкулиран во цената, данок на промет на недвижности и други  даноци,  нотарските,  катастарските,  адвокатски  и  други  трошоци  ги  плаќа  купувачот. 

Подетални информации кај стечајниот управник на тел.075-235-979, e_mail dani.consalt@yahoo.com

Дополнителни информации

Проценета вредност: 779.240

Дозволени учесници

.