| Статус: Закажани | Започнува од: 14 Денови, 7 Часа |
| Наддавањето завршува: | четврток, 21 мај 2026 10:30:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | четврток, 21 мај 2026 10:00:00 |
| Прегледи на страната: | 62 |
| Од страна на: bogoljub.makrevski.w1 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
СТ-49/15
Врз основа на член 98 од Законот за стечај, а по предходно извршена проценка на имотот, стечајниот управник на Друштво за производство на метални производи, автоделови, ремонт, сервис и промет АВТОПРОГРЕС извоз-увоз АД Тетово-во стечај објавува
О Г Л А С
за продажба на имот на стечајниот должник по пат на
електронска продажба со јавно наддавање без почетна цена
Се врши продажба на следниот имот сопственост на стечајниот должник Друштво за производство на метални производи, автоделови, ремонт, сервис и промет АВТОПРОГРЕС извоз-увоз АД Тетово-во стечај кој се состои од:
со вкупна проценета вредност од 187.035.745,00 денари
Земјиштето не е предмет на продажба.
Имотот предмет на продажба е со товар.
Продажбата се врши во целина за целокупниот недвижен имот со праг на наддавање 5.000.000,00 денари.
Поединечни понуди не се прифаќаат.
Електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 27.06.2025 година со почеток во 10:00 часот , а надавањето ќе трае триесет минути.
Прагот на наддавање е 5.000.000,00 денари
Како купувачи на предметниот имот можат да се јават сите домашни и странски правни и физички лица.
Заинтересираните правни и физички лица за учество во електронска продажба се најуваат преку Е-Аукција при Централен регистар на РСМ (e-submit.crm.com.mk/e-Auction) до стечајниот управник дека имаат намера да учествуваат на електронска продажба.
Право на учество во електронската продажба имаат учесниците кои ќе уплатат депозит или достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот предмет на продажба на сметка 290-4000003416-65 ТТК банка АД Скопје најдоцна до десеттиот ден од објавата на огласот односно до 15.05.2026 година.
Огласот е објавен во дневниот весник Нова Македонија на ден 05.05.2026 година.
Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот со претходна најава на телофон 02-3113-200 и тоа на ден 11.05.2026 година од 11:00 до 13:00 часот.
Заинтересираните купувачи кои ги исполнуваат условите за да учествуваат на Е-аукцијата што се води во Централниот регистар на РСМ се најавуваат дека имаат намера да учествуваат на електронска продажба до предпоследниот ден од денот на аукцијата.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци на имотот.
По завршување на електронската аукција e-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето.
Доколку при електронската продажба по пат на јавно надавање без почетна цена биде понудена определена цена, Одлука за продажба ја носи Собранието на доверители.
Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум дена по добивањето на решението од стечајниот судија во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
Купувачот покрај постигната цена, плаќа и ДДВ и други давачки поврзани со пренос на правото на сопсвеност.
На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од три дена од денот на електронското јавно наддавање .
| Проценета вредност: | 187.035.745 |
.