| Статус: Закажани | Започнува од: 1 Ден, 11 Часа |
| Наддавањето завршува: | четврток, 30 април 2026 13:00:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | четврток, 30 април 2026 12:30:00 |
| Прегледи на страната: | 209 |
| Од страна на: hristina.jonovska.w1 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
Согласно одлука на Собрание на доверителите за впаричување на имотот на стчајниот должник , а врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на Друштво за производство, трговија и услуги ДБД ХЕМ ДОО увоз-извоз Куманово – во стечај, објавува:
О Г Л А С
За продажба на имот на стечајниот должник по пат на
електронска аукција без утврдена почетна цена
Се продава подвижен имот – залиха на трговска стока за градежништво, во сопственост на стечајниот должник по Спецификации, со вкупна проценета вредност од 440.482,00 денари.
За имотот предмет на продажба се изготвени Спецификации со назначени поединачни количини и вредност за секој производ, кои заинтересираните купувачи можат да ги добијат по нивно барање.
Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 30.04.2026 година (четврток), со почеток во 12,30 часот
Електронското јавно наддавање за секој пакет поединечно трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.
Како купувачи на предметниот имот можат да се јават сите правни и физички лица, а за учество во електронската продажба купувачите се должни да се најават преку системот за e -Аукција при Централен регистар на РМ и за регистрираниот профил да го известат стечајниот управник на email : hjonovska@gmail.com , дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.
Право на учество на електронската продажба имаат само учесниците кои најдоцна до 29.04.2026 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот поединечно за секој пакет.
Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник ДБД ХЕМ ДОО увоз-извоз Куманово – во стечај, со сметка бр. 300 000005310204 во Комерцијална Банка АД Скопје.
За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при ЦР на РСМ.
Разгледување на имотот предмет на продажба , може да се изврши со претходна најава на следниот телефон 075-423-265
По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.
Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од 8 дена по добивањето на решението од стечајниот судија, во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.
Даноците кои се плаќаат согласно законските прописи и другите трошоци за транспорт и други дополнителни давачки, се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда и паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
| Проценета вредност: | 440.482 |
.