| Статус: Закажани | Започнува од: 11 Денови, 15 Часа |
| Наддавањето завршува: | вторник, 24 март 2026 12:30:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | вторник, 24 март 2026 12:00:00 |
| Прегледи на страната: | 152 |
| Од страна на: tome.petrov.w2 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
Согласно одлука на Собрание на доверители, а врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на СКЕНПОИНТ АД во стечај Скопје, објавува:
О Г Л А С
За прва продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник и тоа:
Недвижен имот – деловен простор со површина од 26 м2 по ИЛ 94719 КО Чаир, лоциран во Скопје со проценета вредност од 2.650.402,00 денари.
Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 24.03.2026 година со почеток во 12:00 часот.
Електронското јавно наддавање трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.
Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-Аукција на Веб страницата на ЦР на РСМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.
Во недвижноста предмет на продажба постојат движни ствари кои не се сопственост на должникот и согласно условите во овој оглас обврската за нивно дислоцирање паѓа на товар на купувачот.
Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 23.03.2026 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот.
Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник СКЕНПОИНТ АД во стечај Скопје со бр. 300000005373545 Комерцијална Банка АД Скопје.
За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при ЦР на РСМ.
Разгледување на имотот предмет на продажба може да се изврши со претходна најава или да добијат информации на телефон 075/423-320 или преку e-mail: pekons@yahoo.com.
По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати понудениот износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.
Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното наддавање на е-аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозит.
Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки), и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда, и паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
| Проценета вредност: | 2.650.402 |
.