| Статус: Закажани | Започнува од: 12 Денови, 7 Часа |
| Наддавањето завршува: | понеделник, 02 февруари 2026 10:15:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | понеделник, 02 февруари 2026 09:45:00 |
| Прегледи на страната: | 55 |
| Од страна на: tome.petrov.w2 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
Согласно одлука на Собрание и одбор на доверители, а врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на ИНТЕЛМЕЦХ ДООЕЛ во стечај Скопје, објавува:
О Г Л А С
За прва продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник и тоа:
1. Пакет 1 – Канцелариска и компјутерска опрема – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 92.096,00,00 денари.
2. Пакет 2 – Опрема за греење – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 53.353,00,00 денари.
3. Пакет 3 – Хидраулична преса – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 1.316.574,00 денари.
4. Пакет 4 – Хидрауличен секач – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 992.949,00 денари.
5. Пакет 5 – Компресор – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 124.600,00 денари.
6. Пакет 6 – Машина за сечење Waterjet and Jetpower – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 731.231,00 денари.
7. Пакет 7 – Simplex water softner – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 33.900,00денари.
8. Пакет 8 – Машини за сечење – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 54.824,00 денари.
9. Пакет 9 – Фреза за метал – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 64.680,00 денари.
10. Пакет 10 – Пескара и вентилатор – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 61.292,00 денари.
11. Пакет 11 – Дупчалки – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 47.432,00денари.
12. Пакет 12 – Дребонг – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 86.240,00 денари.
13. Пакет 13 – Опрема за заварување – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 180.067,00 денари.
14. Пакет 14 – Апарат NOHA – специфициран во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 25.020,00 денари.
15. Пакет 15 – ТМВ Fiat Panda рег.број SK-6157-AZ, со проценета вредност од 174.636,00 денари.
16. Пакет 16 – ТМВ Opel Vivaro, рег.број SK-3096-AV, со проценета вредност од 360.360,00 денари.
17. Пакет 17 – Приколка FARO, рег.број SK-4460-BL, со проценета вредност од 81.928,00 денари.
18. Пакет 18 – Виљушкар HYSTER, со проценета вредност од 321.552,00 денари.
19. Пакет 19 – Разна роба на залиха (завртки, навртки, дозерка) – специфицирани во проценка од овластен проценител, со проценета вредност од 1.996.615,00 денари.
20. Пакет 20 – Отпадно железо со проценета вредност од 15.000,00 денари за 1 (еден) тон.
Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 02.02.2026 година.
Електронското наддавање за Пакет 1 ќе почне во 09:30 часот.
Електронското наддавање за Пакет 2 ќе почне во 09:45 часот.
Електронското наддавање за Пакет 3 ќе почне во 10:00 часот.
Електронското наддавање за Пакет 4 ќе почне во 10:15 часот.
Електронското наддавање за Пакет 5 ќе почне во 10:30 часот.
Електронското наддавање за Пакет 6 ќе почне во 10:45 часот.
Електронското наддавање за Пакет 7 ќе почне во 11:00 часот.
Електронското наддавање за Пакет 8 ќе почне во 11:15 часот.
Електронското наддавање за Пакет 9 ќе почне во 11:30 часот.
Електронското наддавање за Пакет 10 ќе почне во 11:45 часот.
Електронското наддавање за Пакет 11 ќе почне во 12:00 часот.
Електронското наддавање за Пакет 12 ќе почне во 12:15 часот.
Електронското наддавање за Пакет 13 ќе почне во 12:30 часот.
Електронското наддавање за Пакет 14 ќе почне во 12:45 часот.
Електронското наддавање за Пакет 15 ќе почне во 13:00 часот.
Електронското наддавање за Пакет 16 ќе почне во 13:15 часот.
Електронското наддавање за Пакет 17 ќе почне во 13:30 часот.
Електронското наддавање за Пакет 18 ќе почне во 13:45 часот.
Електронското наддавање за Пакет 19 ќе почне во 14:00 часот.
Електронското наддавање за Пакет 20 ќе почне во 14:15 часот.
Електронското јавно наддавање за секој реден број поединечно трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.
Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-Аукција на Веб страницата на ЦР на РСМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.
Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 30.01.2026 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот поединечно за секој пакет.
Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник ИНТЕЛМЕЦХ ДООЕЛ во стечај Скопје со бр. 300000005303026 Комерцијална Банка АД Скопје.
За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при ЦР на РСМ.
Разгледување на имотот предмет на продажба може да се изврши со претходна најава или да добијат информации на телефон 075/423-320 или преку e-mail: pekons@yahoo.com.
Трошоците за демонтажа и пренос на сите предмети на продажба се на товар на купувачите.
По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати понудениот износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.
Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното наддавање на е-аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозит.
Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки), и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда, и паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
| Проценета вредност: | 53.353 |
.