2.Недвижен имот (1245297)  Аукција без почетна цена

БАРГАЛА АД Штип-во стечај

Наддавањето за овој листинг започнува со петок, 30 јануари 2026 10:30:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 9 Денови, 7 Часа
НЕМА СЛИКА
НЕМА СЛИКА
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: петок, 30 јануари 2026 11:00:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: петок, 30 јануари 2026 10:30:00
Прегледи на страната: 180  

За продавачот

Од страна на:  pepi.panev.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

 

Врз основа на Одлуката на Собранието на доверители и член 98,99 и 100 од Законот за стечај стечајниот управник на Трговско друштво Друштво за производство на чевли БАРГАЛА АД Штип-во стечај ул. Гоце Делчев бр.44 Штип со ЕМБС:4050614 и ЕДБ: 4029996102613 на ден 12.01.2026 година објавува

О Г Л А С

За продажба на недвижен имот сопственост на стечајниот должник Трговско друштво Друштво за производство на чевли БАРГАЛА АД Штип-во стечај по пат на електронска продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена.

Втора Е-Аукција на:

4.Недвижен имот,запишан во Имотен лист бр.91840 КО Штип 1 со следните индиции:

-КП 1338 ул.Гоце Делчев 44 бр на зграда/друг објект 1,намаена на зград Г2-6 влез 2,кат ПР,бр.1,намена на посебен/заеднички дел од згрда П,внатрешна површина во м2 20 СОПСТВЕНОСТ;

-КП 1338 ул.Гоце Делчев 44 бр на зграда/друг објект 2,намаена на зград Б4-6 влез 1,кат ПР,бр.1,намена на посебен/заеднички дел од згрда ДП,внатрешна површина во м2 23 СОПСТВЕНОСТ;

-КП 1338 ул.Гоце Делчев 44 бр на зграда/друг објект 2,намаена на зград Б4-6 влез 2,кат ПР,бр.1,намена на посебен/заеднички дел од згрда ДП,внатрешна површина во м2 4 СОПСТВЕНОСТ;

Со проценета вредност од 984.455,00 денари;

Земјиштето под објектите е сопственост на ХАМАЧИ ДОО Штип ИЛ.87825 КО ШТИП 1.

Заинтересираните правни и физички лица за купување на горенаведениот имот се најавуваат преку системот за Е-Аукција при ЦР на РСМ и до стечајниот управник Пепи Панев дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба . Прагот на надавањето за имотот под реден број:2 изнесува 25.000,00 денари.

Право на учество имаат учесниците кои ке уплатат најдоцна до 28.01.2026 година 10% од проценетата вредност за предметот на сметка 210040506140252 во НЛБ Банка АД Скопје. Разгледувањето на имотот  е со претходна најава кај стечајниот управник на тел.070 743 067 или на e-mail: pepipanev_stecaenupravnik@yahoo.com до 27.01.2026 година. Електронската продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ке се одржи на ден 30.01.2026 година, за имотот под реден бр.2 со почетокот во 10.30 часот и ке трае триесет минути до 11.00 часот. Електронското јавно надавање трае 30 минути,доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на аукцијата ,аукцијата ке продолжи уште 10 минути.

Продажбата на имотот се врши по принцип“видено-купено“без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот . По завршување на надавањето учесникот кој дал највисока понуда ке добие информација дека е најповолен понудувач,а стечајниот управник ке го извести стечајниот судија за резултатите од јавното надавање со предлог стечајниот судија да свика Собрание на доверители на кое ке се донесе одлука дали ке се прифати дадената понуда за имотот предмет на продажба од најповолниот понудувач.

По донесување на одлука од страна на Собранието на доверители со која е прифатена понудата на најповолниот купувач стечајниот судија ке донесе Решение со кое се констатира дека е прифатена доставената понуда за купување на имотот на најповолниот купувач и ке го задолжи најповолниот купувач да ја уплати понудената цена во рок од 8 дена од добивањето на Решението. Доколку најповолниот купувач не ја уплати понудената цена во дадениот рок го губи правото на вракање на уплатениот депозит. Врз основа на известувањето на стечајниот управник дека е уплатена понудената цена ,стечајниот судија во рок од 3 дена донесува Решение со кое се констатира дека имотот е продаден на најповолниот купувач.Решението на стечајниот судија преставува основ за пренос на сопственоста.

На учесниците на јавното надавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни ,уплатениот депозит им се врака во рок од 3 работни денови. Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното надавање на е-аукција со конкретна понуда го губат правото на вракење на депозитот. Сите обврски кои ке произлезат (ДДВ,данок за пренос на имот,паѓаат на терет на купувачот)

Стечаен управник Пепи Панев

Дополнителни информации

Проценета вредност: 984.455

Дозволени учесници

.