| Статус: Закажани | Започнува од: 10 Денови, 15 Часа |
| Наддавањето завршува: | понеделник, 29 декември 2025 10:30:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | понеделник, 29 декември 2025 10:00:00 |
| Прегледи на страната: | 149 |
| Од страна на: dimitar.kalkov.w1 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
Врз основа на Одлуката на Собранието на доверители за затварање на деловниот потфат, по претходно извршена проценка на имотот, и согласно член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на Друштво за производство, трговија и услуги МУЛТИХЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица-во стечај, објавува
О Г Л А С
За втора продажба на имотот-стечајна маса на должникот по пат на електронска продажба
со јавно надавање без утврдена почетна цена
Се продава имот – стечајна маса на должникот Друштво за производство, трговија и услуги МУЛТИХЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица-во стечаj распореден во еден/1/ пакет, и тоа:
Пакет 1
Недвижен имот – магацински простор од 514 м2 опишан во имотен лист број 1202, КО Градско Балдовци, Струмица
Недовршен магацински простор – производен погон од 1.395м2 по лист за предбележување број 15856 КО Градско Балдовци, Струмица
Недовршен административен простор од 1122м2 по лист за предбележување број 15856, КО Градско Балдовци, Струмица
Земјиште построено на КП 373/3 за КО Градско Балдовци, по имотен лист 1202, со површина од 11785м2
Машини и опрема по пописна листа
Проценета вредност од 83.251.982,00 денари.
Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кои ќе уплатат депозит, или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажба. Депозитот ќе треба да се уплати пред да се најават на системот за Е- стечај. За пакет бр.1 депозит 10% учество на Е-аукцијата изнесува 8.325.198,20 ден. со уплата до 25.12.2025 година. Заинтересираниот купувач јавното надавање го врши по електронски начин на ден 29.12.2025 година во 10.00 часот со претходна пријава за учество на Е-аукција.
Прагот на наддавањето изнесува 2.500.000,00 денари.
Стечаен управник
| Проценета вредност: | 83.251.982 |
.