| Статус: Закажани | Започнува од: 11 Денови, 5 Часа |
| Наддавањето завршува: | среда, 17 декември 2025 11:00:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | среда, 17 декември 2025 10:30:00 |
| Прегледи на страната: | 133 |
| Од страна на: biljana.stefanovska.w1 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
О Г Л А С
За продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник и тоа:
Ред.бр.1 – ТМВ PEUGEOT BOXER, година на производство 2005, регистрирано до 14.03.2026 со проценета вредност 162.316,00 денари;
Ред.бр.2 – ПМВ PEUGEOT PARTNER,година на производство 2006, со процената вредност 116.670,00 денари;
Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 17.12.2025 година.
Електронското наддавање за Ред.бр.1 ќе почне во 10:00 часот.
Електронското наддавање за Ред.бр.2 ќе почне во 10:30 часот.
Електронското јавно наддавање за секој реден број поединечно трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.
Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-Аукција на Веб страницата на ЦР на РСМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.
Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 15.12.2025 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот поединечно за секој реден број.
Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник ДПТУ РСЦ ДОО во стечај Скопје со бр.300000005286051 Комерцијална Банка АД Скопје.
За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при ЦР на РСМ.
Разгледување на имотот предмет на продажба може да се изврши со претходна најава или да добијат информации на телефон 075/423-320/ 071/218-134 или преку e-mail: pekons@yahoo.com.
По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати понудениот износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.
Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното наддавање на е-аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозит.
Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки), и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда, и паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
| Проценета вредност: | 116.670 |
.