Машина за бушење на тунели (1239106)  Аукција без почетна цена

АВТОТЕХНА во стечај

Наддавањето за овој листинг започнува со среда, 17 декември 2025 10:30:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 11 Денови, 5 Часа
Content/listingImages/20251125/545c831c-f80b-4dc6-8f81-4e645abd1253_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: среда, 17 декември 2025 11:00:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: среда, 17 декември 2025 10:30:00
Прегледи на страната: 199  

За продавачот

Од страна на:  vesna.spirkovska.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20251125/545c831c-f80b-4dc6-8f81-4e645abd1253_fullsize.jpg Content/listingImages/20251125/ebd94c36-a387-4a4e-b447-c2f6dfb217a9_fullsize.jpg Content/listingImages/20251125/729a4afe-50fd-4ee8-871c-71c275892b30_fullsize.jpg Content/listingImages/20251125/29b0fb6b-2a6e-4fe8-b640-820397141cc7_fullsize.jpg Content/listingImages/20251125/c32c71b3-52d9-4d97-8bcf-808266a17de6_fullsize.jpg Content/listingImages/20251125/1c476e73-63ec-4b17-befa-977ff663f4c9_fullsize.jpg

Опис

                           

Врз основа на Одлуката на Собрание на доверители на стечајниот должник Друштво за застапување и трговија АВТОТЕХНА ДОО во стечај Скопје од 26.09.2025 година и одлука на Одборот на доверители од 12.11.2025 година, а по претходно извршена проценка на имотот,стечајниот управник објавува

 

                                                               О  Г  Л  А  С

            За електронска продажба на недвижен и подвижен имот без утврдена почетна цена

 

ПАКЕТ 2

Предмет на продажба;

Машина за бушење на тунели марка TAMROCK модел PARAMATIC H 206 ,година на производство 1996 со проценета вредност од 1.823.237,00 денари.Машината се наоѓа во Фариш на регионален пат Кавадарци-Прилеп.

Минимален износ на наддавање изнесува 100.000,00 денари.

 

Продажбата на имотот-стечајна маса се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање ,без утврдена почетна цена ,преку системот Е-Аукција кој се води при Централен регистар на Република Македонија.Разгледување на имотот предмет на продажба и увид во документацијата може да се врши на ден 09.12.2025 година во 12 часот со претходна најава на тел. 075/263-203 или преку e-mail: vesnaspirkovska@hotmail.com. Продажбата се врши по принцип видено-купено  без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количина за имотот.

Заинтересираните купувачи се најавуваат преку системот Е-Аукција до стечајниот управник,дека имаат намера да учествуваат на објавената електронска продажба.

Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица кои ќе уплатат депозит во висина од 10% од проценетата објавена вредност  на трансакциска сметка 250-010102721607 при Шпаркасе банка АД Скопје,со цел на дознака:уплатен депозит за учество,најдоцна до 15.12.2025 година и за тоа го извести стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е-Аукција кој се води при Централен регистар на Република Македонија.

Јавното наддавање ќе се одржи  на ден  17.12. 2025 година  за  пакет бр.2 од 10,30 до 11,00 часот.

По донесување на Одлука од страна на Собранието на доверители со која се прифаќа понудата од најповолниот понудувач,стечајниот судија ќе донесе решение со кое ќе констатира дека е извршена продажба  на имотот на најповолниот понудувач и ќе го задолжи најповолниот понудувач да ја уплати понудената цена плус 18% ДДВ во рок од осум дена од приемот на Решението.Доколку најповолниот понудувач не ја уплати понудената цена во дадениот рок ,го губи правото на враќање на уплатениот депозит.

На учесниците на кои нема да им биде прифатена понудата,уплатениот депозит ќе им биде вретен во рок од три работни дена од денот на донесување на Одлуката за избор на најповолен понудувач.Сите обврски кои ќе произлезат од оваа купопродажба,/ДДВ,данок на промет на имот и евентуално други давачки кон државата и други трошоци/,паѓаат на товар на купувачот.

 

                                                                                                                          Стечаен управник

                                                                                                                          Весна Спирковска

  

 

                                                                                                                  

 

   

 

  

 

                                                                                  

Дополнителни информации

Проценета вредност: 1.823.237

Дозволени учесници

.