| Статус: Закажани | Започнува од: 4 Денови, 4 Часа |
| Наддавањето завршува: | среда, 10 декември 2025 09:30:00 |
| Историја на понуди: | 0 Понуди |
| Наддавањето започна: | среда, 10 декември 2025 09:00:00 |
| Прегледи на страната: | 94 |
| Од страна на: nikolche.petkoski.w1 | |||
| Фидбек : | 0 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
Врз основа на член 98 и 99 од Законот за стечај и Решението СТ-44/24 од 06.12.2024 година на Основен суд Битола, стечајниот управник на стечајниот должник Друштво за производство, трговија и услуги ТЕХНОДРВО-ПРОЕКТ ДООЕЛ увоз-извоз с. Дихово Битола – во стечај, по претходно извршена проценка на имотот на должникот, објавува:
О Г Л А С
За продажба на имотот – стечајна маса на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Се врши ТРЕТА продажба на имотот на стечајниот должник Друштво за производство, трговија и услуги ТЕХНОДРВО-ПРОЕКТ ДООЕЛ увоз-извоз с. Дихово Битола – во стечај и тоа:
Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се врши преку системот за Е-Аукција на Централен регистар на Република Северна Македонија (http://e-submit.crm.com.mk/eAuction/) на ден 10.12.2025 со почеток во 09:00 часот и трае 30 минути.
Ако некој од понудувачите поднесе повисока понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата, истата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.
Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас се должни да се најават преку системот за Е-Аукција на интернет страната на Централниот регистар на Република Северна Македонија дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.
Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот - предмет на продажбата секој работен ден од денот на објавата, најдоцна до 04.12.2025 година, со претходна најава кај стечајниот управник Николче Петкоски на телефон 070339281 или на e-mail: nikolcepetkoski@gmail.com.
Право на учество во продажбата имаат учесниците кои ќе уплатат депозит во износ од 10% од проценетата вредност на стечајна денарска сметка број 210066764480147 на стечајниот должник ТЕХНОДРВО-ПРОЕКТ ДООЕЛ увоз-извоз с.Дихово Битола – во стечај во НЛБ Банка АД Скопје со цел на дознака: „уплатен депозит за учество на е-аукција“ со назнака за кој пакет се врши уплатата, најдоцна до 05.12.2025 година или ќе достават банкарска гаранција за потребниот износ во определениот рок и доказот да го достават до стечајниот управник Николче Петкоски на адреса ул. Коста Новаковиќ бр.22/3-5, ПФ 255, Скопје.
За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество на електронската продажба преку системот Е-Аукција кој се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Лицата кои уплатиле депозит, а не учествувале на јавното наддавање на Е-Аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозитот.
Сите даноци според законските прописи (ДДВ – продавачот е ДДВ обврзник) и другите трошоци околу продажбата и преносот на сопственоста се додаваат на понудената цена и ги сноси купувачот.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна е должен да ја плати понудената цена зголемена за данокот на додадена вредност во рок од 8 дена од правосилноста на решението, на погоре наведената трансакциска сметка, а доколку тоа не го стори го губи правото на враќање на уплатениот депозит.
|
|
Стечаен управник Друштво за производство, трговија и услуги ТЕХНОДРВО-ПРОЕКТ ДООЕЛ увоз-извоз с.Дихово Битола – во стечај
|
| Проценета вредност: | 264.450 |
.