Статус: Закажани | Започнува од: 17 Денови, 14 Часа |
Наддавањето завршува: | петок, 31 октомври 2025 11:00:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | петок, 31 октомври 2025 10:30:00 |
Прегледи на страната: | 35 |
Од страна на: aco.petrov.w1 | |||
Фидбек : | 3 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Согласно одлука на Собрание на доверители и одлука од Одборот на доверители, а врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО во стечај с.Возарци Кавадраци, објавува:
О Г Л А С
За трета продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник и тоа:
Пакет 16 – Троска од електропечка (вкупна количина 19.144.157 тони), со проценета вредност од 20.000,00 денари за 1.000 тони.
Пакет 17 – Конверторска троска (вкупна количина 12.000 тони), со вкупна проценета вредност од 25.401.600,00 денари.
Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 31.10.2025 година.
Електронското наддавање за Пакет 16 ќе почне во 10:00 часот.
Електронското наддавање за Пакет 17 ќе почне во 10:30 часот.
Електронското јавно наддавање за секој пакет поединечно трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Разгледување на имотот предмет на продажба, и увид во документација за секој пакет поединечно може да се изврши во седиштето на стечајниот должник во с.Возарци Кавадарци со претходна најава, или да добијат информации на телефони 075/423-320 и 078 222 566 или преку e-mail: pekons@yahoo.com.
Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.
Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-Аукција на Веб страницата на ЦР на РСМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.
Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 28.10.2025 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот поединечно за секој пакет.
Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО во стечај с.Возарци Кавадарци со бр. 300000005111742 Комерцијална Банка АД Скопје.
Депозит може да биде уплатен и на девизна жиро сметка на стечајниот должник BENEFICIARY:
Company name: EURONIKEL INDUSTRI DOO S. VOZARCI, KAVADARCI - VO STECHAJ
Address: NASELENO MESTO BEZ ULICHEN SISTEM, S.VOZA
Acc. No. : 0270100422228
IBAN: MK07300701004222280
BENEFICIARY'S BANK: Komercijalna banka AD Skopje
Ul. Vasil Iljoski br. 3, 1000 Skopje, Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при ЦР на РСМ.
По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, зголемен за износот на ДДВ, а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.
Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното наддавање на е-аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозит.
Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет, акцизни и други задолжителни давачки), и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда, и паѓаат на товар на купувачот.
Трошоците поврзани со преземање на движниот имот предмет на продажба од местото каде што е лоциран, паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 25.401.600 |
.