Статус: Закажани | Започнува од: 10 Денови, 14 Часа |
Наддавањето завршува: | петок, 24 октомври 2025 10:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | петок, 24 октомври 2025 10:00:00 |
Прегледи на страната: | 267 |
Од страна на: aleksandar.dimovski.w1 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Врз основа на Одлуката на Собранието на доверители во стечајната постапка 2СТ-41/20 над стечајниот должник Друштво за трговија и услуги ЕЛЕКТРО СПОЈ ДООЕЛ Скопје - во стечај а согласно членовите 98, 99 и 100 од Законот за стечај , како и Правилникот за начинот на спроведување на постапка за електронска продажба /Сл весник на РМ бр.47/2014/, по претходно извршена процена на имотот на стечајниот должник, стечајниот управник објавува
О Г Л А С
За електронска продажба на имотот на должникот. Надавањето со електронска продажба е без почетна цена . Предмет на продажба : Недвижен имот, деловен простор во сопственост на стечајниот должник
Имотен лист |
Катастарска Општина |
Катастраска парцела |
Опис на објектите и замјиштето |
Внатрешна површина м2 |
Проценета вредност во денари |
||||
ИЛ 1522 |
КО Марена |
2599/1 |
Бр.зграда 1; Влез 1; Кат Пр.; намена ДП |
636 |
6.318.004,00 |
|
|||
ИЛ 1969 |
КО Марена |
2599/1 |
Бр.зграда 2; Влез 1; Кат Пр.;намена П |
32 |
471.486,00 |
|
|||
|
|
|
Вкупно проценета вредност |
6.789.490,00 |
|||||
Наддавањето ќе се одржи на 24.10.2025 година во време од 10:00 до 10:30 часот, минимален праг на надавањето е 200.000,00 деанри.
Право на учество во надавањето имаат сите заинтересирани лица кои ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција од 10 % од проценетата вредност, односно 678.949,00 денари. Уплатата на депозитот е на сметка на ЕЛЕКТРО СПОЈ ДООЕЛ Скопје - во стечај, 300000005009116 во Комерцијална Банка АД, со цел на дознака – Депозит за е-аукција, најдоцна до 23.10.2025 г., уплатницата за уплатениот депозит да се достави до стечајниот упоравник. Разгледување на имотот е можно со претходна најава на телефон 071/361388. Доколку некој од понудувачите поднесе понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата истата ќе биде продолжена за уште 10 минути.
Имотот се продава по принципот видено купено и не се признаваат дополнителни рекламации. Собранието на доверители, донесува одлука дали имотот ќе биде продаден по највисоката цена постигната на елекгтронската продажба. Доколку најповолниот понудувач не ја уплати понудената цена во дадениот рок, го губи правото на враќање на уплатениот депозит. На учесниците на кои нема да им биде прифатена понудата, уплатениот депозит ќе им биде вратен.
Купувачот, на кој ќе му биде прифатена понудата, е должен да ја плати понудената цена во рок од 8 дена. Сите обврски кои ќе произлезат од оваа купопродажба, ДДВ, данок на промет на имот и евентуално други давачки кон државата и други трошоци, паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 6.789.490 |
.