Градежно земјиште (1231000)  Аукција без почетна цена

ДГ ИМВЕНТА - во стечај

Наддавањето за овој листинг започнува со понеделник, 20 октомври 2025 12:00:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 6 Денови, 16 Часа
НЕМА СЛИКА
НЕМА СЛИКА
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: понеделник, 20 октомври 2025 12:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: понеделник, 20 октомври 2025 12:00:00
Прегледи на страната: 385  

За продавачот

Од страна на:  mladen.veselinov.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

Врз основа на Одлуката на Собранието на доверители деловниот потфат да биде ликвидиран и имотот да се впаричи, по претходно извршена проценка на имотот, согласно член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на ДГ ИМВЕНТА ДОО   Скопје – во стечај, објавува

 

О Г Л А С

За продажба на недвижен имотот, земјиште  -стечајната маса на должникот по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена, прв  пат

Се врши продажба на следниот имот  и тоа:

1.Недвижен имот земјиште-опишан во Имотен лист бр.1886 за КО НЕРЕЗИ-ВОНГРАД.

*Број на КП.778/1, улица Жданец бб., култура гз, гнз,       со површина од  2.804м2.

*Број на КП.778/6, улица Жданец бб., култура пс, класа 6,  со површина од  583м2.

 

             Вкупно проценета вредност на земјиште од   24.996.060,00денари    

                                                                                                                                                                                   

Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кој ќе уплатат, или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажба. Истиот ќе трба да се уплати пред да се најават на системот за Е-стечај,   депозит 10% учество на Е-аукцијата изнесува 2.499.606,00ден., со уплата до 18.10.2025година.  Заинтересираниот купувач јавното наддавање го врши по електронски начин на ден 20.10.2025година,   со претходна пријава за учество на Е-аукција.

Продажбата на горенаведениот имот ќе се врши електронски по пат на јавно наддавање без утврдена почетна цена. Продажбата на имотот се врши по принцип Видено-Купено, без право на дополнителни барања и рекламации. Имотот предмет на продажба, заинтересираните учесници може да го разгледаат, со претходна најава кај стечаен управник Младен Веселинов од Скопје на телефон 070 327 845.

Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кој  ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажба на трансакциска сметка бр. 300000004314402 депонент на Комерцијална Банка АД Скопје на ДГ ИМВЕНТА ДОО  Скопје -во стечај со назнака депозит за учество на јавна продажба, најдоцна до 18.10.2025година.  Депозитот треба да се уплати во предвидените рокови пред да се најават преку системот  на Е-аукција и достават доказ за уплата или банкарска гаранција треба да ја достават до стечајниот управник во наведениот рок.

Заинтересираните купувачи ќе биде потребно да се најават преку системот на Е-аукција што се води во Централен Регистар на Р.С.Македонија, дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба , најдоцна до 18.10.2025год. до 14,00часот.

Електронското јавно наддавање ќе се врши на ден 20.10.2025година, со почеток во 12,00часот, и ќе трае 30 минути. Ако некој од понудувачите поднесе повисока понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата, истата ќе биде продолжена за уште 10 минути. По завршувањето на јавното наддавање Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето. На учесниците кој нема да понудат највисок износ, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 дена сметано од денот на завршување на  Е-аукцијата.  Собранието на доверители носи конечна ОДЛУКА дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на  електронската продажба.

Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна, должен е да го уплати износот зголемен за ДДВ во рок од 8 дена, сметано од приемот на Решението на стечајниот судија, во спротивно го губи правото на враќање на уплатениот износ. По извршената уплата на износот од најповолната понуда, стечајниот судија во рок од 3 дена донесува  Решение со кое констатира дека имотот е продаден, а решението преставува основ за пренос на сопственоста и запишување во јавните книги. Сите торшоци по основ на данок на додадена вредност, данок на промет, нотарски,  и други трошоци паѓаат на товар на купувачот.

                                                                                                                      Стечаен управник

 

Дополнителни информации

Проценета вредност: 24.996.060

Дозволени учесници

.