Статус: Закажани | Започнува од: 1 Ден, 16 Часа |
Наддавањето завршува: | среда, 15 октомври 2025 12:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | среда, 15 октомври 2025 12:00:00 |
Прегледи на страната: | 262 |
Од страна на: ljubica.zajkoska.w1 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Врз основа на одлуката на собранието на доверители одржано на 11.09.2025 г. за впаричување на имотот на стечајниот должник Друштво за производство, промет и услуги ЕУРОКНИТ увоз – извоз ДООЕЛ Прилеп со седиште на ул. Леце Котески бр.50 Прилеп - во стечај, Стечајниот управник го објавува следниот:
О Г Л А С
За Прва продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Предмет на електронска продажба:
Машини –Опрема и залихи на предиво во ЕДЕН ПАКЕТ :
1.Машина за плетење с.бр. 80128902 PROTTI P94 со проценета вредност од 258.300,00 ден.
2.Машина за плетење с.бр.21428881 PROTTI P90 со проценета вредност од 276.750,00 ден.
3.Машина за плетење 29651931 PROTTI PT22T со проценета вредност од 258.300,00 ден.
4.Сушара за ткаенина –за чистење на флеки с.бр.КК-01-001-0181 KIRTSIOS tip tl-7 со проценета вредност од 21.525,00 ден.
5.Машина за оформување на јака KETLERKA со проценета вредност од 10.455,00 ден.
6.Машина за шиење – ИЛИЧАРКА JUKI 7810-R25593 со проценета вредност од 9.225,00 ден.
7.Машина за нитни –ДРИКЕРИ MIKRON D,1 со проценета вредност од 3.690,00 ден.
8.Машина за шиење –ПЕТЛИЧАРКА JUKI MB-372 со проценета вредност од 12.300,00 ден.
9.Машина за траки EMIL NESTEL 64277 со проценета вредност од 18.450,00 ден.
10.Нож –БАНСЕК JORDAN со проценета вредност од 30.750,00 ден.
11.Разни видови и бои на предиво 1020 кг. со проценета вредност од 690.030,00 ден.
ИМОТОТ СЕ ПРОДАВА ВО ЕДЕН ПАКЕТ – ВИДЕНО КУПЕНО
Дополнителни рекламации не се признаваат.
ВКУПНА ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ НА ПАКЕТОТ – 1.589.775,00 ден.
Минимален износ на наддавање е 50.000,00 денари.
Заинтересираните правни и физички лица за купување на горенаведениот имот се најавуваат преку системот за Е-Аукција при Централниот регистар на РМ, до стечајниот управник Љубица Зајкоска дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.
Право на учество во електронската продажба имаат учесниците кои најдоцна до 10.10.2025 година ќе уплатат 10% од проценетата вредност на имотот за кој ќе наддаваат, на сметката на Друштво за производство, промет и услуги ЕУРОКНИТ увоз – извоз ДООЕЛ Прилеп во стечај под бр. 300020000650323 депонент на Комерцијална банка АД Скопје филијала Прилеп, со назнака во цел на дознака - депозит за учество на јавна продажба.
Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот предмет на продажба на 08.10.2025 од 12 до 13 ч. –со претходна најава на телефон на стечајниот управник.бр. 075-548-410.
Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на 15.10.2025.г со почеток точно во 12,00 часот. Наддавањето ќе трае 30 минути а до колку понудувач поднесе понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата, истата ќе биде продолжена за 10 минути.
По завршувањето на електронската аукција Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатот од наддавањето.
Собранието на доверители ја носи конечната одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање , а понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена сметано од денот на одржувањето на собранието на доверителите. Понудувач чија понуда ќе биде избрана како најповолна , должен е да го уплати достигнатиот највисок износ зголемен за 18% ДДВ во рок од 15 дена сметано од денот на доставувањето на решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот. На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет дена од денот на електронското јавно наддавање.
Учесниците во електронската продажба имаат право на приговор против одлуката за продажба во рок од три дена од денот на нејзиното објавување.
Решението на стечајниот судија со кое е избран најповолен купувач на недвижен имот на стечајниот должник е основ за упис во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите.
Сите обврски кои ќе произлезат од овој оглас за продажба ( ддв, данок на промет на недвижности, заверка кај нотар и сл.) паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
Љубица Зајкоска
Проценета вредност: | 1.589.775 |
.