Статус: Закажани | Започнува од: 6 Денови, 14 Часа |
Наддавањето завршува: | понеделник, 20 октомври 2025 10:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | понеделник, 20 октомври 2025 10:00:00 |
Прегледи на страната: | 193 |
Од страна на: mladen.veselinov.w1 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Врз основа на Одлуката на Собранието на доверители деловниот потфат да биде ликвидиран и имотот да се впаричи, по претходно извршена проценка на имотот, согласно член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на ДУД ЕУРОНИКЕЛ ДООЕЛ с.Возарци, Кавадарци – во стечај, објавува
О Г Л А С
За продажба на удел, стечајната маса на должникот по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена, прв пат
Се врши продажба на следниот подвижен имот и тоа:
1.Удел во Ново Фени ДООЕЛ с.Возарци, Кавадарци , со проценета вредност од 142.856.240,00денари.
Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кој ќе уплатат, или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажба. Истиот ќе трба да се уплати пред да се најават на системот за Е-стечај, депозит 10% учество на Е-аукцијата изнесува За удел во Ново Фени износ од 14.285.624,00денари со уплата до 18.10.2025година. Заинтересираниот купувач јавното наддавање го врши по електронски начин на ден 20.10.2025година, со претходна пријава за учество на Е-аукција. Продажбата на горенаведениот имот ќе се врши електронски по пат на јавно наддавање без утврдена почетна цена. Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кој ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажба на трансакциска сметка бр. 300000005225620 депонент на Комерцијална Банка АД Скопје на ДУД ЕУРОНИКЕЛ ДООЕЛ с.Возарци, Кавадарци – во стечај, со назнака депозит за учество на јавна продажба, најдоцна до 18.10.2025година. Депозитот треба да се уплати во предвидените рокови пред да се најават преку системот на Е-аукција и достават доказ за уплата или банкарска гаранција треба да ја достават до стечајниот управник во наведените рокови.
Заинтересираните купувачи ќе биде потребно да се најават преку системот на Е-аукција што се води во Централен Регистар на Р.С.Македонија, дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба , најдоцна до 18.10.2025год. до 14,00часот.
1.Електронското јавно наддавање за Удел во Ново Фени ќе се врши на ден 20.10.2025година во10,00часот и ќе трае 30минути. Ако некој од понудувачите поднесе повисока понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата, истата ќе биде продолжена за уште 10 минути. По завршувањето на јавното наддавање Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето. На учесниците кој нема да понудат највисок износ, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 дена сметано од денот на завршување на Е-аукцијата. Собранието на доверители носи конечна ОДЛУКА дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна за удел , должен е да го уплати износот во рок од 8 дена, сметано од приемот на Решението на стечајниот судија, во спротивно го губи правото на враќање на уплатениот износ. По извршената уплата на износот од најповолната понуда, стечајниот судија во рок од 3 дена донесува Решение со кое констатира дека имотот е продаден и преставува основ за пренос на сопственоста и упис во соодветните регистри. Сите торшоци паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 142.856.240 |
.