Статус: Закажани | Започнува од: 14 Денови, 18 Часа |
Наддавањето завршува: | петок, 12 септември 2025 12:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | петок, 12 септември 2025 12:00:00 |
Прегледи на страната: | 68 |
Од страна на: dimitar.adziev.w1 | |||
Фидбек : | 3 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
О Г Л А С
За прва продажба на имотот од стечајната маса на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање – без утврдена почетна цена.
Се продава имот од стечајната маса на стечајниот должник ТДПТУ МАКО-2008 ДООЕЛ Штип- во стечај. Предмет на продажбата е подвижен имот: Маси ,столови, витрина, фрижидери ,пулт и друго (опрама за слаткара)
Вкупно проценетата вредност на овој пакет изнесува 93.900,00 денари.
Продажбата на горенаведените предмети ќе се врши во еден пакет за еведентиран имот по електронски пат на јавно наддавање без почетна цена. Продажбата на имотот се врши по принципот видено-купено без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количина. Заинтересираните купувачи на погоре опишаниот имот се најавуваат преку системот на Е-стечај до стечајниот управник Димитар Аџиев на Е-услуги стечајни постапки e-submit.crm.com.mk/eAuctiоn дека имаат намера да учествуваат во електронската продажба најдоцна 10.09.2025 година ( Среда) до 15 часот.
Имотот предмет на продажбата заинтересираните купувачи можат да го разгледаат секој работен ден од 10 до 15 часот со претходна најава кај стечајниот управник Димитар Аџиев на тел. 070 336 753. Право на учество во електронската продажба ке имаат учесниците кои ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на имотот кој е предмет на продажбата. Депозитот треба да се уплати пред да се најават во системот на е-стечај за купувачи на жиро сметка 290 0000277546 61 на МАКО-2008 ДООЕЛ Штип во стечај, депонент ТТК БАНК АД, најдоцна до 10.09.2025 година.
Депозитот од 10% за пакетот изнесува 9.390,00 денари а прагот на надавање изнесува 3.000 ,00 денари.
Депозитот треба да се уплати во предвидениот рок пред да се најават преку системот на е-аукција и да достават доказ за уплатата или банкарската гаранција кој доказ треба да се достави до стечајниот управник во наведениот рок со наведување за кој пакет на јавно наддавање учествуваат.
Електронското јавно надавање ќе се врши на ден 12.09.2025 година и тоа, Јавното надавање ќе се одржи со почеток од 12,00 часот и ќе трае 30 минути до 12,30 часот, доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на аукцијата, аукцијата продолжува за 10 минути.
По завршување на јавното наддавање Е-системот ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето. На учесниците кој нема да понудат највисок износ депозитот ќе им биде вратен во рок од 5(пет) дена сметано од денот на завршување на е-аукцијата, освен на учесникот чија понуда ќе биде највисока. Сите даноци и други давачки поврзани со продажбата на имотот , ДДВ, и други давачки ги плаќа купувачот и се додаваат на понудената цена.
Проценета вредност: | 93.900 |
.