Статус: Закажани | Започнува од: 5 Денови, 18 Часа |
Наддавањето завршува: | среда, 03 септември 2025 13:00:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | среда, 03 септември 2025 12:30:00 |
Прегледи на страната: | 185 |
Од страна на: lenka.ilieska.w2 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, а по претходно извршена проценка, стечајниот управник на Друштво за градежништво и услуги ДАЈМОНД ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт импорт Скопје во стечај , објавува
О Г Л А С бр.1
ПРВА електронска продажба на имотот на стечајниот должник по пат на јавно наддавање без утврдена почетна цена
Предмет на продажба е
ПАКЕТ 2
1)Гаражно место затворен простор опишано во Имотен Лист бр. 99215 КО Центар 1, Скопје со катастарски индикации :
Имотен лист бр.99215 КО Центар 1 КП бр.12915, адреса бул.Страшо Пинџур бр.7, зграда бр.1, намена на зграда А2- 2, влез 1, кат ПО, број 2, намена на посебен дел ГМЗП, отворена површина 46 м2.
2)И дел од објект во заедничка сопственост на сопственици на етажни делови во зградата Подетално опишани во лист В од Имотен Лист бр. 117032 КО Центар 1, Скопје како: КП бр.12915, адреса бул.Страшо Пинџур бр.7, зграда бр.1, намена на зграда А2- 2, влез 1, кат ПО, број 1, намена на посебен дел КГП, внатрешна површина 306 м2.
Вкупно ПАКЕТ2
-Површина 46м2 и проценета вредност 1.781.962,50 денари.
Продажбата на имотот , ќе се врши електронски по пат на јавно наддавање без утврдена почетна цена.
Продажбата на имотот се врши по принципот Видено-Купено, без право на дополнителни барања и рекламации. Имотот предмет на продажба, заинтересираните купувачи можат да го разгледаат со претходна најава кај стечајниот управник на телефон 071 421 702.
Право на учество на електронската продажба имаат учесниците кои најдоцна до 02.09.2025 год ке уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот предмет на продажба со назнака за кој ПАКЕТ се однесува . Уплатата на депозитот се врши на трансакциска сметка на продавачот Дајмонд инженеринг ДООЕЛ експорт импорт Скопје - во стечај број 300 000004088489, депонент Комерцијална Банка АД Скопје , цел на дознака ,,депозит за учество на е аукција ,,со назнака за кој пакет се однесува.Доказот за уплатата да се достави до стечајниот управник односно да го извести стечајниот управник како би можел истиот да им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот-Е-Аукција кој се води при Централен регистар на РСМакедонија.
Заинтересираните купувачи за учество во електронската продажба се најавуваат преку системот за e-Аукција прeku Централен регистар на РСМ и за регистрираниот профил го известуваат стечајниот управник и дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.
Електронското јавно наддавање за ПАКЕТ2 ќе се врши на ден 03.09.2025 година со почеток во 12.30 часот, и ќе трае 30 минути.
Ако некој од понудувачите поднесе повисока понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата, истата ќе биде продолжена за уште 10 минути. По завршувањето на јавното наддавање Е- системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето.По завршување на наддавањето учесникот кој дал највисока понуда ќе добие информација дека е најповолен понудувач, а стечајниот управник ќе го извести стечајниот судија за резултатите од јавното наддавање со предлог судијата да свика Собрание на доверители на кое ќе се донесе Одлука дали ќе се прифати дадената понуда за имотот предмет на продажба од најповолниот понудувач.
По донесување на Одлука од страна на Собранието на доверители со која се прифаќа понудата од најповолниот понудувач, стечајниот судија ќе донесе Решение со кое ќе констатира дека е прифатена доставената понуда за купување на имотот на најповолниот понудувач и ќе го задолжи најповолниот понудувач да ја уплати понудената цена во рок од осум дена од приемот на Решението.
Доколку најповолниот понудувач не ја уплати понудената цена во дадениот рок го губи правото на враќање на уплатениот депозит .
Врз основа на известување од стечајниот управник дека е уплатена понудената цена, стечајниот судија, во рок од три дена донесува Решение со кое констатира дека имотот е продаден на најповолниот понудувач. Решението на стечајниот судија претставува основ за пренос на сопственоста и за запишување во јавните книги. За извршената продажба не се склучува писмен договор за купопродажба
Во случај кога Собранието на доверители нема да донесе Одлука,односно не е одржано,Решение за продажба носи стечајниот судија во рок од три дена по денот за кој било свикано Собранието на доверители.Против ова Решение не е дозволено право на жалба.
На учесниците на кои нема да им биде прифатена понудата, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 работни дена од денот на електронското јавно наддавање.
Сите обврски кои ќе произлезат од оваа купопродажба,(ДДВ,данок на промет на имот ,и други давачки кон државата и други трошоци) паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 1.781.962 |
.