Градежен објект и земјиште (1227094)  Аукција без почетна цена

АЛОВ АД Гевгелија во стечај

Наддавањето за овој листинг започнува со четврток, 04 септември 2025 11:00:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 6 Денови, 17 Часа
Content/listingImages/20250506/30467b46-f4b7-40ac-8928-31676efc649a_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: четврток, 04 септември 2025 11:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: четврток, 04 септември 2025 11:00:00
Прегледи на страната: 287  

За продавачот

Од страна на:  vladica.ivanovska.w1
Фидбек : 4   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20250506/30467b46-f4b7-40ac-8928-31676efc649a_fullsize.jpg Content/listingImages/20250506/c441e016-fe87-4e7a-b7c1-f1a2e3adf262_fullsize.jpg Content/listingImages/20250506/d0cca5e4-9c1f-4f3e-9256-5ca9a5bb53f1_fullsize.jpg Content/listingImages/20250506/b557006d-d950-4e9f-8b8f-463158e85704_fullsize.jpg

Опис

Се врши продажба  на недвижен имот кој е во сопственост на стечајниот должник и тоа:

- идеален дел 32/1604 од магацински простор изграден на KП.бр.5340, дел 30, адреса Првомајска, број на зграда 124, намена на зграда Б4-6, влез 001, кат ПР, со површина од 1604 м2, опишан во ИЛ.бр.44633 за КО Кисела Вода 2 и

- идеален дел 19/10856 од земјиште под зграда на КП.бр.5340, дел 30, адреса Првомајска, култура зпз 124, со површина од 10856 м2, опишано во ИЛ.бр.50945 за КО Кисела Вода 1

Вкупната проценета вредност на недвижниот имот опишан погоре изнесува 628.998,00 денари. Минималниот износ на наддавање изнесува 25.000,00 денари. Продажбата на имотот се врши на принципот видено-купено.

Право на учество во електронската продажба имаат правни и физички лица кои најдоцна до 01.09.2025 година ќе уплатат депозит за учество во електронската аукција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот кој е предмет на јавното наддавање, на  сметката на стечајниот должник со број 300180000021755 во Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака за имотот за кој имаат намера да учествуваат.

Заинтересираните правни и физички лица за купување на погоре опишаниот имот,кои претходно уплатиле депозит за учество,  се најавуваат преку системот за Е-Аукција до стечајниот управник Владица Ивановска на Е-услуги, стечајни постапки – e-submit.crm.com.mk/eAuction дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба, по што тој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот  за Е-Аукција.

Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 04.09.2025 година со почеток во 11:00 часот. Наддавањето ќе трае триесет минути.

Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути.

Заинтересираните учесници имотот може да го разгледаат на 27.08.2025 година од 11:00 часот до 12:00 часот по претходна најава кај стечајниот управник, а информациите за предметот на продажба може да добијат на телефон 075 203 363.

        Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна, должен е да го уплати понудениот износ зголемен за обврската за ДДВ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на уплатениот депозит.

Сите обврски кои ќе произлезат од купопродажбата по овој оглас паѓаат на товар на купувачот.                                                                                                                                                                                                                                                                        Стечаен управник 

Дополнителни информации

Проценета вредност: 628.998

Дозволени учесници

.