Трговска роба, моторно возило (1222972)  Аукција без почетна цена

МБ-ИНЦ ДОО Куманово-во стечај

Тековна цена: Вашата понуда е договор помеѓу Вас и листинг авторот. Доколку Вашата понуда е највисока ќе влезете во легален обврзувачки договор за набавка.
Минимална понуда:
Вашата понуда: ден

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Активни Преостанато време: 21 Часа, 37 Минути
Content/listingImages/20250611/d3578882-3a26-4910-bc1c-5471b94b678c_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: вторник, 01 јули 2025 13:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: среда, 11 јуни 2025 09:15:00
Прегледи на страната: 472  

За продавачот

Од страна на:  emil.drakulevski.w3
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20250611/d3578882-3a26-4910-bc1c-5471b94b678c_fullsize.jpg Content/listingImages/20250611/f28319c2-64a0-4637-8118-74187630aebd_fullsize.jpg Content/listingImages/20250611/9c629ea3-fd76-41a7-88b7-f94ad54bfe59_fullsize.jpg Content/listingImages/20250611/0915f474-dca2-4555-9641-766556ed0e24_fullsize.jpg Content/listingImages/20250611/6754fa7f-9273-41d3-bdb7-e127a8bbf048_fullsize.jpg Content/listingImages/20250611/12a21a9f-89e7-4f77-94d3-ef95aeadf0b1_fullsize.jpg

Опис

Врз основа на одлуката на Собранието на доверители на стечајниот должник МБ-ИНЦ ДОО Куманово-во стечај во стечајната постапка бр. СТ-1/22 при Основниот суд Куманово од 15.10.2024 година деловниот потфат на должникот да биде затворен и имотот да се впаричи, согласно чл. 98, 99 и 100 од Законот за стечај и Правилникот за електронска продажба (Сл. Весник РМ бр. 47/2014), по извршена проценка на имотот на стечајниот должник–Друштво за производство, трговија  и градежништво МБ-ИНЦ ДОО Куманово-во стечај, со адреса/седиште на улица Доне Божинов бр.70, Куманово, со ЕМБС 5524563 и ЕДБ 4017001137594, стечајниот управник, на ден 10.06.2025, објавува:

ОГЛАС

за прва продажба на имотот на стечајниот должник

по пат на електронска продажба со јавно наддавање- без утврдена почетна цена.

 

Предмет на продажбата е следниот имот сопственост на стечајниот должник: подвижен имот и опрема  со вкупна проценета вредност од 6.541.181,00 денари кој се состои од еден-1 пакет:

 

  1. (ПАКЕТ 1) – согласно изготвена Спецификација за Трговска роба на залиха и моторно возило-марка FORD, Тип TRANSIT  T220   1.8 TDI, број на шасија WF0UXXTTP03S25916, 2003 година на производство, Регистраска ознака на возилото KU-206-CL, (во исправна состојба),  евидентирана сосопственост на стечајниот должник. Вкупна проценета вредност од 6.541.181,00 денари.

Цената на пакетот во овој оглас е утврдена според проценетата вредност од овластен проценувач и служи како основа за донесување одлуки за продажба, купување и утврдување на депозитот за учество во продажбата.

Подетални информации за овој пакет има дадено во објавата преку системот Е-аукција која се води при Централниот регистар на РСМ.

Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот предмет на продажба (лоциран во Куманово), со претходна најава на телeфон 078/313471 до стечаен упранвик-Емил Дракулевски, секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот или да добијат информации на електронска адреса: officedrakulevski@gmail.com .

Имотот, детално опишан во извештајот за проценка, се продава на принцип „видено-купено“ – без дополнителни приговори или рекламации за физички недостатоци. Подвижниот имот се нуди како единствен пакет преку електронска е-аукција.

Заинтересираните купувачи за учество се најавуваат преку системот Е-аукција кон стечајниот управник, регистриран во Централниот регистар на РСМ.

Огласот  за електронска продажба трае дваесет (20) дена од денот на објавување во  системот Е-аукција кој се води при Централниот регистар на РСМ. Огласот за електронска продажба се објавува и во најмалку еден печатен дневен весник.

Право на учество во електронската продажба имаат учесниците, домашни и странски правни и физички лица,  кои ќе уплатат депозит во висина од 10% од проценетата објавена вредност на пакетот, за кој имотот имаат намера да аплицираат што е предмет на продажба најкасно до 25.06.2025 година пет (5) дена пред закажаната е-аукција на ден 1.07.2025 година на трансакциска денарска сметка број 210055245630334 во НЛБ Банка А.Д. Скопје, со цел на дознака: депозит за учество во продажба на пакет во стечајна постапка СТ-1/22, или да достават банкарска гаранција во висина од 10 % од проценетата објавена вредност за пакетот за кој имаат намера да аплицираат во полза на МБ-ИНЦ ДОО Куманово-во стечај (ЕМБС 5524563, ЕДБ 4017001137594). Доказите за уплата на депозитот, тековна состојба за правни лица или копие од лична карта и корисничкото име за учество на Е – аукцијата да се достават најдоцна 25.06.2025 година и за тоа да го известат стечајниот управник Емил Дракулевски на ул.„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ бр.19/5, Центар, Скопје, или електронски на електронско сандаче: officedrakulevski@gmail.com , кој ќе им овозможи пристап за учество на јавното наддавање на учесниците преку системот за Е-аукција на: https://e-submit.crm.com.mk/eAuction/ кој се води при Центарелен регистар на РСМ, за да бидат регистрирани во табелата на дозволени учесници на електронската продажба.

Електронските продажби со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржат на ден 1.07.2025 година во 13:00 часот.Наддавањето  трае триесет минути до 13:30 час.

Доколку некој понудувач поднесе понуда во период од 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. Прагот за минималниот износ за наддавање е определен од системот за е-аукција.

По завршувањето на електронската аукција, системот автоматски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето. Стечајниот управник ќе го информира стечајниот судија за исходот од јавното надавање и ќе предложи свикување на Собрание на доверители за донесување одлука дали да се прифати понудата за имотот од најповолниот понудувач.

Доколку при електронската продажба по пат на јавно надавање без почетна цена биде понудена определена цена, одлуката за продажба ја носи Собранието на доверители за избор на најповолниот понудувач, стечајниот судија ќе издаде Решение со кое се потврдува приемот на понудата и се задолжува најповолниот понудувач да ја уплати понудената цена во рок од осум (8) дена.

Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум (8) дена по добивањето на Решението од стечајниот судија во спротивно го губи правото на враќање на уплатениот депозитот.

Врз основа на известување од стечајниот управник дека понудената вредност е уплатена, стечајниот судија во рок од 3 дена донесува Решение (согласно Законот за стечај), во кое се констатира продажбата на имотот на најповолниот понудувач. Ова Решение служи како основа за пренос на соспственоста и запишување во јавните книги, а за продажбата не се склучува писмен договор за купопродажба.

Доколку Собранието на доверители ја одбие најповолната понуда, стечајниот судија донесува Решение со кое ја констатира донесената Одлука, а стечајниот управник ја повторува постапката за продажба.

Во случај кога Собранието на доверители не донесе одлука или не се одржи, стечајниот судија ќе донесе Решение за продажба во рок од три (3) дена од денот на свикнување на Собранието на доверители. Против оваа Решение не е дозволено право на жалба.

Учесниците во електронската продажба имаат право да поднесат приговор против одлуката за продажба во рок од три дена од нејзиното објавување. По поднесувањето на приговорот, одлучува стечајниот судија и ќе донесе Решение во рок од три (3) дена од поднесувањето на приговорот, без право на жалба.

На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од осум (8) работни дена од денот на донесување на Одлуката за избор на најповолен понудувач.

Сите обврски кои ќе произлезат од оваа купопродажба  покрај постигната цена, плаќа, ДДВ, данок на промет и евентуално други давачки кон државата,нотарски и други заверки, адвокатски  и други услуги, и други расходи) паѓаат на товар на купувачот.

 

                                                                                                                                                                                 Стечаен управник

                                                                                                                                                                                 Емил Дракулевски                                                                                                     

Дополнителни информации

Проценета вредност: 6.541.181

Дозволени учесници

.