Статус: Закажани | Започнува од: 26 Денови, 3 Часа |
Наддавањето завршува: | четврток, 19 јуни 2025 10:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | четврток, 19 јуни 2025 10:00:00 |
Прегледи на страната: | 98 |
Од страна на: mihail.momirovski.w4 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Врз основа на одлука на Собрание на доверители за затворање на деловниот потфат на стечајниот должник ПРОТОТИП ДООЕЛ Скопје во стечај, постапка водена со број 1 ст.бр. 200/21, и член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, по претходна извршена проценка на имотот, стечајниот управник на Друштво за производство, градежништво, промет и услуги ПРОТОТИП ДООЕЛ Скопје-во стечај, со МБС:4164423 и ЕДБ: 4030990126977, по претходна извршена проценка на имотот објавува:
ОГЛАС
За продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.
Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник:
Недвижен имот со вкупна проценета вредност од 148.500,00 денари кој се состои од два-2 пакети:
-КП 1118/3, адреса: викано место/улица-Јурији, катастарска култура ГЗ-ЗПО (земјиште под објект), со површина од 14м2, евидентарана како сопственост, со право на службеност кон правен субјект.
-КП 1134/5, адреса: викано место/улица-Јурији, катастарска култура ГЗ-ГНЗ (градежно неизградено земјиште), со површина од 24м2, евидентарана како сопственост.
-КП 1134/6, адреса: викано место/улица-Јурији, катастарска култура ГЗ-ГНЗ (градежно неизградено земјиште), со површина од 7м2, евидентарана како сопственост.
-КП 961/3, адреса: викано место/улица-Јурији, катастарска култура ГЗ-ГНЗ (градежно неизградено земјиште), со површина од 21м2, евидентарана како сопственост.
Проценета вредност на сите парцели 14м2+24м2+7м2+21м2=66м2*2.000,00 денари = 132.000,00 денари.
Имотот кој е детално опишан во извештајот за извршена проценка се продава на принцип видено-купено без дополнителни приговори и рекламации за било какви физички недостатоци на имотот, секој недвижен имот посебно, поточно две електронски е-аукции во два пакети.
Заинтересираните правни и физички лица за учество на е-аукцијата треба да уплатат 10% од проценетата вредност за секој недвижен имот-пакет посебно, најкасно до 16.06.2025 година три дена пред закажаните е-аукциии на ден 19.06.2025 година. За учество на јавното наддавање учесниците се најавуваат преку системот за Е-аукција на: https://e-submit.crm.com.mk/eAuction/ за да бидат регистрирани во табелата на дозволени учесници на електронската продажба.
Право на учество во електронската продажба имаат учесниците, домашни и странски правни и физички лица, кои ќе уплатат депозит или достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата (секој пакет посебно, пакет 1=13.200,00 денари, пакет 2=1.650,00 денари) вредност на имотот што е предмет на продажба на сметка: 300000004823361-Комерцијална банка АД Скопје. Доказите за уплата на депозитот, тековна состојба за правни лица или копие од л.к. и корисничкото име за учество на Е – аукцијата да се достават на стечајниот управник-Михаил Момировски на ул.„23 Октомври“ бр.13/27 Скопје, или електронски на електронско сандаче: prototipstecaj@gmail.com
Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот со претходна најава на телeфон 078-259-705 стечаен упранвик-Михаил Момировски, секој работен ден од 10:00 до 12:00 часот или да добијат информации на електронска адреса: prototipstecaj@gmail.com.
Електронските продажби со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржат со следен распоред:
Наддавањето трае триесет минути.
Доколку некој понудувач поднесе понуда во период од 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. Прагот за минималниот износ за наддавање е определен од системот за е-аукција.
По завршување на електронската аукција e-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Доколку при електронската продажба по пат на јавно надавање без почетна цена биде понудена определена цена, одлуката за продажба ја носи собранието на доверители, а понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена сметано од денот на одржувањето на собранието на доверителите.
Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум дена по добивањето на решението од стечајниот судија во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
Купувачот покрај постигната цена, плаќа, ДДВ и други даноци,нотарски и други заверки, адвокатски и други услуги, и други расходи кои ќе произлезат од продажбата.
Учесниците во електронската продажба имаат право на приговор против одлуката за продажба во рок од три дена од денот на нејзиното објавување.
На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од три дена од денот на електронското јавно наддавање.
Проценета вредност: | 132.000 |
.