ПМВ-возила, три возила-џипа во еден пакет (1217874)  Аукција без почетна цена

ПРИМА ДООЕЛ СКОПЈЕ ВО СТЕЧАЈ

Наддавањето за овој листинг започнува со петок, 06 јуни 2025 12:00:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 13 Денови, 4 Часа
Content/listingImages/20250519/1bc3d1df-38dc-4358-a672-2c96c5daaea3_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: петок, 06 јуни 2025 12:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: петок, 06 јуни 2025 12:00:00
Прегледи на страната: 266  

За продавачот

Од страна на:  mihail.momirovski.w4
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20250519/1bc3d1df-38dc-4358-a672-2c96c5daaea3_fullsize.jpg Content/listingImages/20250519/1b405508-0520-4c3b-be02-dba0481ae16f_fullsize.jpg Content/listingImages/20250519/cf72df89-8c13-4f82-863f-041fda0fb5fe_fullsize.jpg

Опис

Врз основа на одлука на Собрание на доверители за затворање на деловниот потфат на стечајниот должник и член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, по претходна извршена проценка на имотот, стечајниот управник на Друштво за трговија на големо и мало ПРИМА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје-во стечај, со МБС: 4196236 и  ЕДБ: 4030990137162 објавува: 

ОГЛАС

За продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.

Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник:

Транспортни средства со проценета вредност од 1.654.350,00 денари кој се состои од сите заедно во еден пакет:

1. ПМВ-Џип, марка-Хонда, тип-модел-RE5-CR-V, регистарски број SK-369-VA проценета вредност 879.450,00 денари

2. ПМВ-Џип, марка-Mitsubushi Outlender, регистарски број SK-383-SE, проценета вредност 498.150,00 денари

3. ПМВ-Џип, марка-Nissan, тип-модел-T31 X-TRAIL, регистарски број SK-535-SC, проценета вредност 276.750,00 денари

Имотот кој е детално опишан во извештајот за извршена проценка се продава на принцип видено-купено без дополнителни приговори и рекламации за било какви физички недостатоци на имотот, една електронска е-аукција за сите возила заедно.

Заинтересираните правни и физички лица за купување на горенаведениот движен имот-ПМВ-возила кои ќе уплатат 10% од проценетата вредност за учество на јавното наддавање се најавуваат преку системот за Е-аукција до стечајниот управник Михаил Момировски на: https://e-submit.crm.com.mk/eAuction/ за да бидат регистрирани во табелата на дозволени учесници на електронската продажба, се најавуваат до претпоследниот ден од денот на аукцијата.

Право на учество во електронската продажба имаат учесниците, домашни и странски правни и физички лица,  кои ќе уплатат депозит или достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот-ПМВ возила, што е предмет на продажба на сметка: 300000004549433 Комерцијална Банка АД Скопје, најдоцна до претпоследниот ден од објавата на огласот во ЦР на РСМ, со назнака-депозит за учество на јавна продажба. 

Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот со претходна најава на телeфон 078-259-705, секој понеделник, среда и петок од 10:00 до 12:00 часот или да добијат информации на електронска адреса: primastecaj@gmail.com.  

Електронската продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 06.06.2023 година со почеток во 12:00 часот, за сите три возила заедно во еден пакет, со проценета вредност на возилата во вкупен износ од 1.654.350,00 денари, и наддавањето ќе трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во период од 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. Прагот за минималниот износ за наддавање е определен од системот за е-аукција.  

По завршување на електронската аукција системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.

Доколку при електронската продажба по пат на јавно наддавање без почетна цена биде понудена определена цена, одлуката за продажба ја носи Собранието на доверители, а понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена сметано од денот на одржувањето на Собранието на доверителите.

Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум дена по добивањето на Решението од стечајниот судија во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.

Купувачот покрај постигната цена, плаќа ДДВ 18%, други расходи и давачки кои ќе произлезат од продажбата.

Учесниците во електронската продажба имаат право на приговор против Одлуката за продажба во рок од три дена од денот на нејзиното објавување.

На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од три дена од денот на електронското јавно наддавање.

 

Дополнителни информации

Проценета вредност: 1.654.350

Дозволени учесници

.