Статус: Закажани | Започнува од: 5 Денови, 2 Часа |
Наддавањето завршува: | четврток, 29 мај 2025 10:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | четврток, 29 мај 2025 10:00:00 |
Прегледи на страната: | 242 |
Од страна на: vladica.ivanovska.w1 | |||
Фидбек : | 4 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
О Г Л А С
За продажба на подвижен имот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена
Се врши прва продажба на подвижен имот
1. Товарно моторно возило FAP, тип цистерна со регистaрски таблици VE 516 US, со идентификационен број на возилото 116808 (број на шасија)
Проценета вредност на овој подвижен имот е 68.040,00 денари. Минималниот праг на наддавање е
3.000,00 денари
Продажбата на имотот се врши на принципот видено-купено.
Право на учество во електронската продажба имаат домашни и странски правни и физички лица кои најдоцна до
26.05.2025 година (понеделник) ќе уплатат депозит за учество во електронската аукција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот кој е предмет
на јавното наддавање, на сметката на стечајниот должник МЛАЗ АД Богданци во стечај, со број: 270040576510170 во Халк Банка АД Скопје со назнака за кој имот се однесува уплатата.
Заинтересираните домашни и странски правни и физички лица за купување на погоре опишаниот имот,кои претходно уплатиле депозит за учество, се најавуваат преку системот за Е-Аукција до стечајниот управник Владица Ивановска на Е-услуги, стечајни постапки – esubmit.crm.com.mk/eAuction
дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба, по што тој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот за Е- Аукција. Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена за имотот ќе се одржи на ден
29.05.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, наддавањето ќе трае триесет минути и ќе заврши во 10:30 часот.
Заинтересираните учесници имотот може да го разгледаат по претходна најава кај стечајниот управник или информации во врска со продажбата да добијат на телефон 075/ 20 33 63. Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна, должен е да го уплати
понудениот износ зголемен за обврската за ДДВ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, а во спротивно го губи правото на враќање на уплатениот депозит. Сите обврски кои ќе произлезат од купопродажбата по овој
оглас паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 68.040 |
.