Статус: Закажани | Започнува од: 5 Денови, 3 Часа |
Наддавањето завршува: | четврток, 29 мај 2025 12:00:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | четврток, 29 мај 2025 11:30:00 |
Прегледи на страната: | 129 |
Од страна на: bogoljub.makrevski.w1 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
1 СТ-125/18
Врз основа на член 98 од Законот за стечај и одлука на Одборот на доверители, а по предходно извршена проценка на имотот, стечајниот управник на Друштво за производство и дистрибуцијана топлинска енергија ТОПЛИФИКАЦИЈА АД во стечај Скопје објавува
О Г Л А С
за продажба на имот на стечајниот должник по пат на
електронска продажба со јавно наддавање без почетна цена
Се врши продажба на подвижен имот и тоа:
Пакет бр.4-Приклучно возило со една осовина со проценета вредност од 32.340,00 денари.
Право на учество во електронската продажба имаат учесниците кои ќе уплатат депозит во висина од 10 % од проценетата вредност на имотот од Пакет бр.4 односно износ од 3.234,00 денари на сметка 300000004317506 при Комерцијална банка АД Скопје најдоцна до десеттиот ден од објавата на огласот односно заклучно со 24.05.2025 година.
Прагот на наддавање изнесува 1.000,00 денари .
Електронска продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 29.05.2025 година со почеток во 11:30 часот, а надавањето ќе трае триесет минути
Огласот за продажба на имот е објавен во дневниот весник Нова Македонија на ден 14.05.2025 година.
Како купувачи на имотот предмет на продажба можат да се јават сите правни лица кои имаат дозвола за вршење на дејност за управување со отпад.
Предност при купување ќе има купувачот кој ќе учествува за купување на сите пакети.
Заинтересираните правни лица за учество во електронска продажба се најуваат преку Е-Аукција при Централен регистар на РСМ (e-submit.crm.com.mk/e-Auction) до стечајниот управник дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.
Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот на ден 21.05.2025 година од 10:00 часот до 11:00 часот, со предходна најава на телефон 02-3113-200 .
Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Електронска продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 29.05.2025 година со почеток во 10:00 часот, а надавањето ќе трае триесет минути за секој пакет посебно.
Заинтересираните купувачи кои ги исполнуваат условите за да учествуваат на Е-Аукцијата што се води во Централниот регистар на РСМ се најавуваат дека имаат намера да учествуваат на електронска продажба до предпоследниот ден од денот на аукцијата.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци на имотот.
По завршување на електронската аукција e-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.
Доколку при електронската продажба по пат на јавно наддавање без почетна цена биде понудена определена цена, Одлуката за продажба ја носи Собранието на доверители.
Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна, должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум дена по добивањето на решението од стечајниот судија во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.
На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од три дена од денот на електронското јавно наддавање.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 32.340 |
.