Статус: Закажани | Започнува од: 5 Денови, 2 Часа |
Наддавањето завршува: | четврток, 29 мај 2025 10:30:00 |
Историја на понуди: | 0 Понуди |
Наддавањето започна: | четврток, 29 мај 2025 10:00:00 |
Прегледи на страната: | 192 |
Од страна на: dragi.momirovski.w1 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Предмет на продажба е ПОЛУПРИКОЛКА “ ГОРИЦА “ ПСН 30.00, со регистарска ознака СК 809 КЈ, нерегистрирана од 2014 година, со проценета вредност од 90.000,00 денари.
Заинтересираните учесници можат да го разгледаат имотот секој работен ден од 10 до 13 часот со најава кај Стечајниот управник на тел. 078 243 779. Имотот се продава по принципот видено – купено.
Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кои ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција од 10% од проценетата вредност на пакетот.
Депозитот да се уплати на депозитна сметка во КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ број 300000003734633 на име на МЕГА ЗАМ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО во стечај, Скопје, најкасно до 11.11.2024 година и да се извести стечајниот управник со доказ за уплата, податок за корисничко име и контакт. Заинтересираните учесници треба да се најават за купувачи во системот на е – услуги стечајни постапки: e – submit.crm.com.mk/e Auktion/.
Јавното надавање без почетна цена ќе се изврши на ден 29.05.2025 година и тоа од 10,00 до 10,30 часот. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути пред истекот на е – акуцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 мин. По завршување на јавното надавање, Е – системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето. За избраниот најповолен понудувач, Стечајниот управник го известува Стечајниот Судија со предлог да се свика Собрание на доверители на кое ќе се донесе одлука дали имотот – предмет на продажба ќе биде продаден на најповолниот понудувач. Стечајниот судија ќе донесе Решение, врз основа на кое најповолниот понудувач ќе треба да ја уплати понудената цена во рок од 8 По извршената уплата Стечајниот судија носи Решение со кое констатира дека имотот е продаден. Во случај на неисполнување на обврските депозитот на најповолниот купувач се задржува. На учесниците кои нема да понудат највисок износ, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 дена, сметано од денот на завршување на наддавањето.
Сите споредни давачки - даноци, такси и др. паѓаат на товар на купувачот.
Проценета вредност: | 90.000 |
.