ПАКЕТ бр. 1 – Машини, опрема и друг подвижен имот -по спецификација (1216074)  Аукција без почетна цена

ПАВАЦ ДОО Куманово-во стечај

Наддавањето за овој листинг започнува со четврток, 29 мај 2025 13:00:00

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Закажани Започнува од: 5 Денови, 6 Часа
Content/listingImages/20250305/21b62e1c-fc50-41d9-9eac-adc2b3c8d68a_fullsize.jpg
Почетна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: четврток, 29 мај 2025 13:30:00
Историја на понуди: 0 Понуди  
Наддавањето започна: четврток, 29 мај 2025 13:00:00
Прегледи на страната: 126  

За продавачот

Од страна на:  zoran.denkovski.w1
Фидбек : 1   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20250305/21b62e1c-fc50-41d9-9eac-adc2b3c8d68a_fullsize.jpg Content/listingImages/20250305/1fbceabe-aac7-4c05-86c3-39be06939adf_fullsize.jpg Content/listingImages/20250305/b088814f-0a69-4c62-bfe4-e70f54f20eb5_fullsize.jpg Content/listingImages/20250305/0f7ce1fd-1212-406e-9449-264d1243844a_fullsize.jpg Content/listingImages/20250305/208a5102-6a43-4c97-969c-4ce5e8168587_fullsize.jpg Content/listingImages/20250305/4d2e47fb-4ba7-4400-9dd9-7e2d32349e67_fullsize.jpg

Опис

Врз основа на Одлуката на Собрание  на доверители на стечајниот должник  Друштво за производсво,трговија и услуги  ПАВАЦ ДОО увоз-извоз Куманово-во стечај , а согласно одредбите на Законот за стечај, и Правилникот за начинот на спроведување на постапка за електронска продажба, по предходно извршена проценка на имотот на стечајниот должник, стечајниот управник објавува:

 

О Г Л А С

За

Втора електронска продажба на  имот 

без утврдена почетна цена

                                                                                 

Предмет на продажбата  е имот-стечајна маса  сопственост на стечајниот должник групиран во следниве пакети:

ПАКЕТ бр. 1Машини, опрема и друг подвижен имот   -по спецификација

                           со проценета вредност од 685.294,оо денари

Цената на пакетите во огласот  е по проценета вредност ,и истата служи за донесување на Одлука за продажба-купување, и определување на депозитот за учество во продажбата .  Подетални информации за секој пакет одделно има дадено во објавата направена во системот Е-Аукција кој се води при Централен регистар на Република С,.Македонија.каде е извршено објавување на секој поединечен пакет средства,

Имотот предмет на продажба може да се види секој работен ден од 10-14 часот по претходна најава на стечајниот управник

Имотот се продава по системот видено-купено. Дополнителни рекламации не се примаат

Продажбата на имотот  стечајната маса се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање, без утврдена почетна цена, преку системот Е-Аукција кој се води при Централен регистар на Република С. Македонија.

Заинтересираните купувачи се најавуваат преку системот Е-Аукција до стечајниот управник дека имаат намера да учествуваат на објавената електронска продажба .

Огласот за електронска продажба трае 15 дена од денот на објавување во системот Е-Аукција кој се води при Централен регистар на Република С.Македонија..  Огласот за електроска продажба се објавува и во најмалку еден дневен весник

Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица кои ќе уплатат депозит во висина од 10% од проценетата објавена вредност за  пакетот средства  за кој имаат намера да аплицираат ,на  денарска сметка број 320 1000331810 82 при Централна кооперативна банка АД Скопје, со цел на дознака: депозит за учество во продажба на пакет средства бр. 1 во стечајна постапка 1СТ- 24/24, или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата објавена вредност за  пакетот средства  за кој имаат намера да аплицираат, во полза на ПАВАЦ ДОО увоз-извоз Куманово-во стеча, најдоцна до 28.05.2025 година и за тоа го известат стечаниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот-Е-Аукција кој се води при Централен регистар на Република Северна Македонија.

Јавното наддавање започнува на ден 29,05.2025 во 13,оо часот и трае до 13,30часот.

     По завршување на  наддавањето  учесникот кој дал највисока понуда ќе добие информација дека е најповолен понудувач, а стечајниот управник ќе го извести стечајниот судија за резултатите од јавното  наддавање со предлог судијата да свика Собрание на доверители на кое ќе се донесе Одлука дали ќе се прифати дадената  понуда за имотот предмет на продажба од  најповолниот понудувач.

     По донесување на Одлука од страна на  Собранието на доверители со која се прифаќа понудата од најповолниот понудувач, стечајниот судија ќе донесе Решение со кое ќе констатира дека е прифатена доставената понуда за купување  на имотот на најповолниот понудувач и ќе го задолжи најповолниот понудувач да ја уплати понудената цена во рок од осум дена од приемот на Решението.

     Доколку најповолниот понудувач  не ја уплати понудената цена во дадениот рок  го губи правото на враќање на уплатениот депозит

     Врз основа на известување од стечајниот управник дека е уплатена понудената цена, стечајниот судија, во рок од три дена донесува Решение со кое констатира дека имотот е продаден на најповолниот понудувач. Решението на стечајниот судија претставува основ за пренос на сопственоста и за запишување во јавните книги. За извршената продажба не се склучува писмен договор за купопродажба

     Доколку Собранието на доверители  ја одбие најповолната понуда, стечајниот судија донесува Решеие со кое ја констатира донесената Одлука, а стечајниот управник ја повторува постапката за продажба.

     Во случај кога Собранието на доверители нема да донесе Одлука,односно не е одржано,Решение за продажба носи стечајниот судија  во рок од три дена по денот за кој било свикано Собранието на доверители.Против ова Решение не е дозволено право на жалба.

     Учесниците во електронската продажба имаат право на приговор против Одлуката за продажба во рок од три дена од денот на нејзиното објавување. По приговорот одлучува стечајниот судија со Решение во рок од три дена од поднесување на приговорот. Против решението не е дозволено право на жалба.

     На учесниците на кои нема да им биде прифатена понудата, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 3 работни дена од денот на донесување на Одлуката за избор на најповолен понудувач.

     Сите обврски кои ќе произлезат од оваа купопродажба,(ДДВ,данок на промет на имот и евентуално други давачки кон државата и други трошоци) паѓаат на Товар на купувачот.

 

Телефон за контакт:070-258-208

                                                                                                                                                                Стечаен управник

Дополнителни информации

Проценета вредност: 685.294

Дозволени учесници

.