Пакет 1 - Резервни делови од машина Хромосет (712506)  Аукција без почетна цена

Графички Центар ДОО во стечај Скопје

Наддавањето за овој производ заврши.

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Успешни  
Content/listingImages/20191010/b3b530e7-e68a-457a-bc4b-fa84d64576b0_fullsize.jpg
Тековна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: понеделник, 28 октомври 2019 11:40:00
Историја на понуди: 10 Понуди  
Наддавањето започна: понеделник, 28 октомври 2019 10:00:00
Прегледи на страната: 830  

За продавачот

Од страна на:  aco.petrov.w1
Фидбек : 3   
Прикажи други листинзи од истиот продавач
Content/listingImages/20191010/b3b530e7-e68a-457a-bc4b-fa84d64576b0_fullsize.jpg Content/listingImages/20191010/96714cbd-fdf6-41e2-a699-145b87626a22_fullsize.jpg

Опис

Согласно одлука на Собрание на доверителите од 04.12.2018 година и согласно одлука од Одборот на доверители од  24.09.2019 година, а врз основа на член 98, 99 и 100 од Законот за стечај, стечајниот управник на Графички Центар ДОО во стечај Скопје, објавува:

 

О Г Л А С

За прва продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена

Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник и тоа:

 

Пакет 1 - Резервни делови од машина Хромосет специфицирани во проценка од овластен проценител лоцирани во Скопје со вкупна проценета вредност од 66.250,00 денари

 

Пакет 2 - ПМВ Peugeot 308, SK-8084-AH, година на производство 2014, лоцирано во Скопје, со проценета вредност од 533.636,00 денари

 

Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 28.10.2019 година.

 

Електронското наддавање за Пакет 1 ќе почне во 10:00 часот.

Електронското наддавање за Пакет 2 ќе почне во 10:30 часот.

 

Електронското јавно наддавање трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. 

 

Продажбата се врши по принцип „видено-купено“ без право на дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци по квалитет и количини за имотот.

Заинтересираните купувачи за имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-стечај на Веб страницата на Централниот Регистар на РМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.

Дополнителни информации за најава во Е-системот можат да се добијат преку Упатството за  регистрирање на корисник во системот за централизирано најавување на корисници објавено на Веб страница на ЦР на РМ во делот информативни содржини/кориснички упатства.   

Право на учество во електронската продажба (е-аукција) имаат само учесниците кои најдоцна до 25.10.2019 година ќе уплатат депозит или ќе достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот поединечно за секој пакет.

Депозитот се уплаќа на жиро сметка на стечајниот должник ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДОО во стечај Скопје со бр. 300000004085967 Комерцијална Банка АД Скопје.

 За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку системот Е - стечај кој се води при Централниот Регистар на Република Македонија.

Разгледување на  имотот и увид на истиот може да се изврши секој работен ден од 10,00 до 14,00 часот со претходна најава, или да добијат информации на телефони 070/221-156 и 075/423-320 или преку e-mail: pekons@yahoo.com.

По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.

Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.

 Понудувачот чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, зголемен за износот на ДДВ,  а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.

На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.

Лицата кои уплатиле депозит а не учествувале во јавното наддавање на е-аукцијата со конкретна понуда, го губат правото на враќање на депозит.

Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки), и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда, и паѓаат на товар на купувачот.

                                                                                                            Стечаен управник

Дополнителни информации

Проценета вредност: 66.250

Дозволени учесници

.