Статус: Успешни |
Наддавањето завршува: | петок, 03 ноември 2017 11:50:00 |
Историја на понуди: | 11 Понуди |
Наддавањето започна: | петок, 03 ноември 2017 11:00:00 |
Прегледи на страната: | 2597 |
Од страна на: lenka.ilieska.w2 | |||
Фидбек : | 0 | ||
Прикажи други листинзи од истиот продавач |
Согласно одлука од одборот на доверители од 12.09.2017 година а врз основа на член 98,99 и 100 од Законот за стечај стечајниот управник на ПОС КУПРУМ Скопје во стечај, објавува
ОГЛАС
За продажба на имотот на стечајниот должникот – по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена, прв пат
Предмет на продажба е недвижен имот во Скопје евидентиран во ИЛ 102971 КП 7931 за КО Ѓорче Петров 4 Влае Скопје сопственост на стечајниот должник :Недвижен имот –објекти во пакет и тоа објект : бр.10- Стовариште за складирање на стока на отворен простор-производен погон намена на објект Г4-1влез 1 кат ПР бр1 намена Псо површина од 286 м2 објект бр.11- Стовариште за складирање на стока на отворен простор-производен погон, намена на објект Г4-1- влез 1 кат ПР бр 1 намена П со површина од 138 м2 објект 12 стовариште за нафтени деривати природен гас и ТНГ-производен погон ,намена на објект Г4-5 ,влез 1 кат ПР бр 1 намена П со површина од 13 м2 Објект бр.13–градба за црна и обоена металургија-производен погон, влез 1 кат ПР бр.1 намена ДП со површина од 90 м2 Објект бр.16-управни зграда ,намена на објект Б4-3 влез 1 кат ПР бр.1 намена Г со површина од 26 м2 на приземје ,влез 2 кат ПР бр.1 намена Г со површина од 26 м2 и влез 3 кат ПР бр.1 намена П со површина19м2 Објект бр 8 градби на црна и обоена металургија производен погон влез 1 кат ПР бр.1 намена ДП со површина од 243 м2 Објект бр.2-градби на црна и обоена металургија-производен погон ,намена на објект Г1-3 ,влез 1 кат 1 број 2 намена ДП со површина 78м2,,влез 1 катК 1 наменаХС со површина 9м2, влез 1 катК2 број 3 намена ДП со површина 92м2,влез 1 кат К3 број 4 намена ДП со површина 92м2, влез 1 кат ПР број1 намена ДП со површина 89м2, Објект бр.5-градби на црна и обоена металургија-производен погон ,намена на објект Г1-3, влез 1 кат ПР бр.1 намена ДП со површина 468 м2 објект бр.6-градби на црна и обоена металургија производен погон ,намена на објект Г1-3 влез 1 катК 1 бр.1 намена ДП со површина од 74м2, влез 1 кат К1 намена ХС со површина 4м2 влез 1 катПР бр.1 намена ДП со површина 539 м2
Вкупна проценета вредност е во износ од 30.175.082 ,00 денари Земјиштето на кое се наоѓаат сите објекти , наведени во овој оглас е во сопственост на РМ и не е предмет на продажба . Наведениот имот се продава во денари преку е-аукција без почетна цена. Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 03.11.2017 година . Електронското наддавање ќе почне во 11:00 часот и ќе трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на електронската аукција , аукцијата ќе биде продолжена за уште 10 минути. Имотот се продава по принципот ,, видено –купено,, дополнителни приговори и рекламации нема да се земат во предвид. Заинтересираните купувачи на имотот предмет на продажба по овој оглас, се должни да се најават преку системот на Е-стечај на веб страната на ЦР на РМ преку е-услуги, стечајни постапки и е-аукција дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба преку наддавање.
Право на учество на електронската продажба имаат сите заентересирани правни и физички лица кои најдоцна до 31.10.2017 година ке уплатат депозит во износ од 10 % од проценетата вредност на имотот. Депозитот се уплаќа на сметка на ПОС КУПРУМ Скопје во стечај , жиро сметка 300000004135437 Комерцијална Банка АД Скопје , со назнака учество на е-аукцијa. За уплатениот депозит за учество заентересираните лица да го известат стечајниот управник кои ќе им овозможи пристап за учество во електорнската продажба преку системот е-стечај кој се води при ЦР на РМ. Разгледаување на имотот и увид на истиот може да се изврши секој работен ден од 10-15 часот со претходна најава, или да добијат информации на телефон 071-421-702. По завршување на електронската аукција, е-системот електорнски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето. Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ке биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање. Понудувачот чија понуда е избрана за најповолна, е должен на жиро сметката на стечајниот должник да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од 8 дена сметано од денот на доставувањето на решението на стечајнот судија зголемен за износот за ддв, а во спротивно го губи правото на враќање на депозитот .
На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат прифатени уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 работни дена сметано од денот на електорнското јавно наддавање.
Сите обврски кои по основ на даноци и други давачки согласно законските прописи поврзани со продажбата на имотот/ДДВ кои не е вкалкулиран во цената, данок на промет на недвижности и други даноци, нотарските, катастарските, адвокатски и други трошоци поврзани со пренос на сопственоста се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда и ги плаќа купувачот.
Стечаен управник
Проценета вредност: | 30.175.083 |
.