| Статус: Успешни |
| Наддавањето завршува: | среда, 07 јуни 2023 12:30:00 |
| Историја на понуди: | 1 Понуди |
| Наддавањето започна: | среда, 07 јуни 2023 12:00:00 |
| Прегледи на страната: | 598 |
| Од страна на: vladica.ivanovska.w1 | |||
| Фидбек : | 4 | ||
| Прикажи други листинзи од истиот продавач | |||
Се врши продажба на подвижен имот како отпадно старо железо, кое се состои од машини за преработка на дрво. Наддавањето ќе се врши за цена на 1 кг отпадно железо. Претпоставената количина е околу 15.000 кгр. со проценета вредност од 202.500,00 ден, односно 13,5 денари/кг. Точната количина на старо железо ќе се утврди на денот на мерењето и документира со кантарски белешки по што ќе се изврши фактурирање со точните количини.
Минимален износ на наддавање изнесува 10.000,00 денари.
Право на учество во електронската продажба имаат учесниците кои најдоцна до 05.06.2023 година ќе уплатат депозит за учество во електронската аукција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот кој е предмет на јавното наддавање, на сметката на стечајниот должник ДИК СТРАШО ПИНЏУР АД Кавадарци во стечај со број: 300180000014674 во Комерцијална Банка АД Скопје со назнака за кој имот се однесува уплатата.
Заинтересираните учесници за купување на погоре опишаниот имот, кои претходно уплатиле депозит за учество, се најавуваат преку системот за Е-Аукција до стечајниот управник Владица Ивановска на Е-услуги, стечајни постапки – e-submit.crm.com.mk/eAuction дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба, по што ќе им биде овозможен пристап за учество во електронската продажба преку системот за Е-Аукција.
Електронската продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 07.06.2023 година со почеток во 12:00 часот.
Наддавањето ќе трае триесет минути.
Понудувачот кој ќе уплати депозит за учество во јавното наддавање, а не учествува во јавното наддавање, го губи правото на враќање на уплатениот депозит.
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најповолна, должен е да го уплати понудениот износ зголемен за обврската за ДДВ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението од стечајниот судија. Доколку понудувачот не ја уплати понудената цена, го губи правото на враќање на уплатениот депозит за учество во електронската продажба
Сите обврски кои ќе произлезат од купопродажбата по овој оглас паѓаат на товар на купувачот.
Стечаен управник
| Проценета вредност: | 202.500 |
.