Пакет бр.1: Недвижен имот, ИЛ.бр.45301,103480,103479, КО Центар 1 (1047998)  Аукција без почетна цена

ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје - во стечај

Наддавањето за овој производ заврши.

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Успешни  
Content/listingImages/20220902/3f8da103-af6f-4125-8d1b-3621556d639f_fullsize.jpg
Тековна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: среда, 15 март 2023 09:30:00
Историја на понуди: 2 Понуди  
Наддавањето започна: среда, 15 март 2023 09:00:00
Прегледи на страната: 1907  

За продавачот

Од страна на:  marinko.sazdovski.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

Пакет бр.1

Недвижен имот (деловни простории) трета електронска продажба, запишани во Имотен лист бр.45301, И.Лист бр.103480, И.Лист бр.103479 за КО Центар 1, или поедниначно по Имотни листови:

На недвижен имот под Имотен лист број 45301 КО Центар се следниве катастарски индикации:

На недвижен имот под Имотен лист број 103480 КО Центар се следниве катастарски индикации:

На недвижен имот под Имотен лист број 103479 КО Центар се следниве катастарски индикации:

Со проценета вредност од 8.431.265,00 ЕУР. или 520.166.894,00 МКД

       Минимален износ на наддавање е 10.000.000,00 денари.

Продажбата на горе наведениот имот ќе се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.

Заинтересираните правни и физички лица за купување на горе наведениот имот се најавуваат преку системот за Е- Аукција при ЦР на РСМ до стечајниот управник Маринко Саздовски дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.

Се известуваат учесниците во електронската продажба дека најповолниот понудувач кој ќе биде избран како купувач има обврска да овозможи во две простории присуство на вкупно 6 ангажирани лица во стечајната постапка како и во една просторија сместување на сервер сала , до заклучување на стечајната постапка , за што ќе биде склучен договор.

                Огласот за електронска продажба се објавува во два дневни весника.

Информации за имотот кој е предмет на продажба, заинтересираните учесници можат да добијат исклучиво во работен ден, во период од 10.00 часот до 14.00 часот, кај стечајниот управник Маринко Саздовски на телефон 070 322 262 , и кај лицето Драган Блажовски на тел. 075 359 570.

Право на учество во електронска продажба имаат учесниците кои најдоцна до 10.03.2023 година ќе уплатат 10% од проценетата вредност, на трансакциска сметка на Еуростандард Банка АД Скопје во стечај, број 300000004524310 во Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака депозит за учество на јавна продажба, или да достават банкарска гаранција на овој износ на адреса на Стечаен управник Маринко Саздовски, бул. Јане Сандански бр.106/2 , Скопје.

За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку истемот Е-стечај кој се води при ЦР на РСМ.

Електронското јавно наддавање за секој недвижен имот поединечно трае 30 минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за 10 минути.

По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.

Собранието на доверители ќе донесе одлука дали недвижните имоти ќе бидат продадени по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.

Понудувачот, чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на трансакциската сметка на стечајниот должник да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, зголемен за ДДВ , а во спротивно го губи правото на купување и на враќање на депозитот.

На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.

Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи( ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки) и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда и паѓаат на товар на купувачот.

                                                                                                                                                                               Еуростандард Банка АД Скопје-во стечај

                                                                                                                                                                                                 Стечаен управник

                                                                                                                                                                                                 Маринко Саздовски

Дополнителни информации

Проценета вредност: 520.166.894

Дозволени учесници

.