Недвижен имот, машини и опрема (1006728)  Аукција без почетна цена

ТОПЛИФИКАЦИЈА АД ВО СТЕЧАЈ СКОПЈЕ

Наддавањето за овој производ заврши.

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Успешни  
Content/listingImages/20220922/c0f122b6-8495-4d7a-ad38-29ce82aa1810_fullsize.jpg
Тековна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: петок, 07 октомври 2022 11:10:00
Историја на понуди: 1 Понуди  
Наддавањето започна: петок, 07 октомври 2022 10:30:00
Прегледи на страната: 1085  

За продавачот

Од страна на:  bogoljub.makrevski.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

Врз основа на член 98 од Законот за стечај и одлуката на Одборот на доверители, по претходно извршена проценка на имотот, стечајниот управник на Друштво за производство и дистрибуција на топлинска енергија АД ТОПЛИФИКАЦИЈА Скопје во стечај објавува

ОГЛАС

За продажба на имот на стечајниот должник по пат на

електронска продажба со јавно надавање без почетна цена

Се врши продажба на следниот имот сопственост на стечајниот должник Друштво за производство и дистрибуција на енергија АД ТОПЛИФИКАЦИЈА Скопје во стечај и тоа :

Пакет бр. 2 - кој се состои од имот во ТО Водно и тоа:

  1. ЗПЗ 1-земјиште под зграда во површина од 174 м² и
  2. ЗПЗ 2-земјиште под зграда во површина од 4 м²;

Електронска продажба за пакет бр.2 со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 07.10.2022 година со почеток во 10:30 часот , а надавањето ќе трае триесет минути.

Прагот на наддавање за Пакет бр.2 е 500.000,00 денари

Како купувачи на предметните имоти можат да се јават сите домашни и странски правни и физички лица.

Заинтересираните правни и физички лица за учество во електронска продажба се најуваат преку Е-Аукција при Централен ретистар на РСМ до стечајниот управник дека имаат намера да учествуваат на електронска продажба.

Право на учество во електронската продажба имаат учесниците кои ќе уплатат депозит или достават банкарска гаранција во висина од 10% од проценетата вредност на имотот предмет на продажба на сметка 300 0000043175 06  Комерцијална банка АД Скопје најдоцна до десетиот ден од објавата на огласот.

Огласот е објавен во дневниот весник Нова Македонија на ден 22.09.2022 година.

Заинтересираните купувачи можат да го разгледаат имотот со претходна најава на телофон 02-3113-200 до истекот на десетиот ден од огласот .Електронска продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на ден 07.10.2022 година со почеток во 10.00 часот, а надавањето ќе трае триесет минути за секој пакет посебно.

Заинтересираните купувачи кои ги исполнуваат условите за да учествуваат на Е-аукцијата што се води во Централниот регистар на РСМ се најавуваат дека имаат намера да учествуваат на електронска продажба до предпоследниот ден од денот на аукцијата.

Продажбата се врши на принцип видено-купено без дополнителни приговори и рекламации за било какви физички и правни недостатоци на имотот.

По завршување на електронската аукција e-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од надавањето.

Доколку при електронската продажба по пат на јавно надавање без почетна цена биде понудена определена цена, Одлука за продажба ја носи Собранието на доверители.

Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од осум дена по добивањето на решението од стечајниот судија во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.

Купувачот покрај постигната цена, плаќа и ДДВ и други давачки поврзани со преднос на правото на сопсвеност.

На учесниците на јавно надавање чии понуди нема да бидат прифатени уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од три дена од денот на електронското јавно наддавање .

 

Дополнителни информации

Проценета вредност: 20.858.157

Дозволени учесници

.