Најнови информации
                                                  
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на залог - 22.7.2014 година;  Повеќе
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на лизинг-22.10.2014 година; Повеќе
Услуги кои ги нуди Системот за електронска регистрација
  • Регистрација на залог;
  • Промена на залог;
  • Бришење на залог;
  • Регистрација на лизинг;
  • Промена на лизинг;
  • Бришење на лизинг;
  • Добивање на информација од заложен регистар или регистар за Лизинг;
  • Електронско плаќање на тарифите за упис;
  • Електронски потврди за упис.
Заложен регистар и Регистар за лизинг
Преку системот на електронска регистрација за Залог и Лизинг можете да ги направите сите уписи на регистрација, промена или бришење на Залог или Лизинг, или пак да добиете информација од овие два регистри. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24-часа на ден.
Обезбедете полномошно

Доколку лично не ја спроведувате постапката за упис (не сте лице овластено за спроведување на уписот), потребно е кон пријавата за упис да приложите и соодветно полномошно дигитално, потпишано од лицето кое го дава полномошното. Доколку одредено лице потпишува документ во име на друго лице, исто така потребно е како прилог да биде прикачено и полномошното кое го овластува лицето-потписник да потпишува во име на лицето кое го дава полномошното. Овој документ треба да е дигитално потпишан со електронски потпис од лицето кое го дава полномошното.