Најнови информации
                                                  
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на залог - 22.7.2014 година;  Повеќе
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на лизинг-22.10.2014 година; Повеќе
Услуги кои ги нуди Системот за електронска регистрација
  • Регистрација на залог;
  • Промена на залог;
  • Бришење на залог;
  • Регистрација на лизинг;
  • Промена на лизинг;
  • Бришење на лизинг;
  • Добивање на информација од заложен регистар или регистар за Лизинг;
  • Електронско плаќање на тарифите за упис;
  • Електронски потврди за упис.
Заложен регистар и Регистар за лизинг
Преку системот на електронска регистрација за Залог и Лизинг можете да ги направите сите уписи на регистрација, промена или бришење на Залог или Лизинг, или пак да добиете информација од овие два регистри. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24-часа на ден.
Обезбедете дигитален сертификат

Без разлика дали сте подносител на пријавата за упис или друга инволвирана страна (нотар, доверител, должник, давател на лизинг, корисник на лизинг итн.) којашто треба да потпишува некој од прилозите, потребно е да имате дигитален сертификат.

Како замена за своерачен потпис, системот прифаќа исклучиво квалификувани дигитални сертификати издадени од овластени издавачи.

Централниот регистар ги прифаќа следните квалификувани дигитални сертификати:

Земја Издавач Сертификат
Северна Македонија КИБС АД Скопје Верба К1
Верба К2

Верба Про1

Верба Про2

Македонски Телеком АД

Доверливост KS

Доверливост KS+

Доверливост KSN

Доверливост KSN+

Германија Deutsche Post  
Република Чешка I.CA  
Финска Population Register Centre  
Германија Telesec  
Грција Adacom  
Италија InfoCert  
Европска Унија CERTUM  
Словачка disig.eu  
Словенија AC NLB, Nova Ljubljanska banka  

За добивање на потребните квалификувани сертификати Ве молиме обратете се кај овластените издавачи.