Најнови информации
                                                  
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на залог - 22.7.2014 година;  Повеќе
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на лизинг-22.10.2014 година; Повеќе
Услуги кои ги нуди Системот за електронска регистрација
  • Регистрација на залог;
  • Промена на залог;
  • Бришење на залог;
  • Регистрација на лизинг;
  • Промена на лизинг;
  • Бришење на лизинг;
  • Добивање на информација од заложен регистар или регистар за Лизинг;
  • Електронско плаќање на тарифите за упис;
  • Електронски потврди за упис.
Заложен регистар и Регистар за лизинг
Преку системот на електронска регистрација за Залог и Лизинг можете да ги направите сите уписи на регистрација, промена или бришење на Залог или Лизинг, или пак да добиете информација од овие два регистри. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24-часа на ден.
Подигнете потврда

При самото поднесување на пријавата за упис можете да изберете која канцеларија на Централниот Регистар сакате да биде Ваше место за контакт. Целата кореспонденција за време на уписот ќе се врши со канцеларијата на Централниот Регистар која Вие сте ја избрале. Сите потврди во хартиена форма кои ќе Ви ги издаде Централниот регистар ќе може да си ги подигнете во канцеларијата која сте ја избрале.

Освен во хартиена форма, сите потврди може да се добијат и во електронска форма со валиден дигитален потпис.