Најнови информации
                                                  
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на залог - 22.7.2014 година;  Повеќе
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на лизинг-22.10.2014 година; Повеќе
Услуги кои ги нуди Системот за електронска регистрација
  • Регистрација на залог;
  • Промена на залог;
  • Бришење на залог;
  • Регистрација на лизинг;
  • Промена на лизинг;
  • Бришење на лизинг;
  • Добивање на информација од заложен регистар или регистар за Лизинг;
  • Електронско плаќање на тарифите за упис;
  • Електронски потврди за упис.
Заложен регистар и Регистар за лизинг
Преку системот на електронска регистрација за Залог и Лизинг можете да ги направите сите уписи на регистрација, промена или бришење на Залог или Лизинг, или пак да добиете информација од овие два регистри. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24-часа на ден.
Дигитално потпишете ги актите

Секој од приложените документи треба да биде потпишан со валиден квалификуван дигитален сертификат. Одредени прилози може да имаат повеќе од еден електронски потпис, во зависност од типот на прилогот и својството на потписникот.

Сите прилози кои се креирани од подносителот или другите инволвирани страни (нотар, доверител, должник, давател на лизинг, корисник на лизинг итн.) треба да се дигитално потпишани. Сите останати прилози/документи треба да бидат пресликани (скенирани) и дигитално потпишани од страна на подносителот на пријавата за упис.

Како замена за своерачен потпис, системот прифаќа исклучиво квалификувани дигитални сертификати издадени од овластени издавачи.

За добивање на потребните квалификувани сертификати Ве молиме обратете се кај нивните издавачи.

За повеќе информации, погледнете го упатството како дигитално се потпишуваат документи.