Најнови информации
                                                  
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на залог - 22.7.2014 година;  Повеќе
  • Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на лизинг-22.10.2014 година; Повеќе
Услуги кои ги нуди Системот за електронска регистрација
  • Регистрација на залог;
  • Промена на залог;
  • Бришење на залог;
  • Регистрација на лизинг;
  • Промена на лизинг;
  • Бришење на лизинг;
  • Добивање на информација од заложен регистар или регистар за Лизинг;
  • Електронско плаќање на тарифите за упис;
  • Електронски потврди за упис.
Заложен регистар и Регистар за лизинг
Преку системот на електронска регистрација за Залог и Лизинг можете да ги направите сите уписи на регистрација, промена или бришење на Залог или Лизинг, или пак да добиете информација од овие два регистри. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24-часа на ден.
Кои се основните разлики помеѓу поднесување во хартиена и електронска форма?

Основните разлики помеѓу поднесувањето на пријави и документи за упис во регистарот на шалтер и електронски се дадени во следнава табела:

Активности и услуги Поднесување во канцелариите на ЦР Електронско поднесување
Форма на документи Хартиена Електронска
Начин на верификација на документи Со потпис и печат од учесниците во постапката (договорните страни и нотарот) Електронски потпис од подносителот
Комуникација помеѓу подносителот и регистарот Директна во канцелариите на ЦР или преку пошта Посредна преку Системот за електронска регистрација
Плаќање на тарифата Преку носителите на платниот промет (банки, пошта, итн.) Преку Системот за електронска регистрација
Известувања, потврди и решенија Хартиена форма, директно во канцелариите на ЦР или преку пошта Електронска форма, преку Системот за електронска регистрација
Каде да се обратам за дополнителни појаснувања за електронска регистрација?

Дополнителни објаснувањa може да се добијат од Заложниот регистар и
Регистарот на лизинг на Централниот регистар, на тел.: +389 2 3288 296 или  со испраќање на e-mail порака на : zaloglizing@crm.org.mk.

Кои се роковите за упис во Заложниот регистар и одговор на барањата?

Централниот регистар на Република Северна Македонија издава исправа за извршен упис во Заложниот регистар веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Што можам да упишам во регистрите?

Во Заложниот регистар може да се упише регистрација, промена или бришење на Залог, додека во Регистарот за лизинг може да се упише регистрација, промена или бришење на Лизинг.

Што е потребно да направам за да можам успешно да поднесам online пријава за упис во регистарот за залог и лизинг

За електронско поднесување на пријава за упис потребно е:

  • Да се направи соодветна конфигурација на интернет прелистувачот согласно следното упатство. За оптимално користење на системот, препорачуваме Mozilla Firefox, IE 9.0+, Google Chrome;
  • На компјутерот на подносителот да има инсталирано:
    • Последна верзија на Java Runtime Environment (JRE), линк за преземање: http://www.java.com/en/download/index.jsp;
    • Квалификуван дигитален сертификат.

 Електронското потпишување може да се изврши со било кој квалификуван дигитален сертификат на подносителот издаден на негово име. За набавка, инсталација и користење на квалификуван дигитален сертификат Ве молиме обратете се кај овластените издавачи на територијата на Република Северна Македонија: КИБС АД - Скопје и Македонски Телеком АД – Скопје.