www.crm.com.mk
Најнови информации

РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ-  Воведена нова категорија на подносител  на пријави во единствениот трговски регистар преку системот за е-регистрација   повеќе...

Во работа е пуштен системот за Електронска регистрација на правни лица. - 03.01.2011 повеќе... Историјат

 

Кои услуги ги нуди Системот за електронска регистрација?
  • Електронско поднесување на пријави за упис на основање, промена и бришење
  • Електронско плаќање на надомест за упис
  • Решенија за упис во електронска или хартиена форма
  • При упис на основање, можност за пријавување на лицата овластени за застапување во задолжително-то социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување).
Трговски регистар и Регистар на други правни лица
Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да поднесете пријава за упис на основање, промена и бришење. Целата постапка можете да ја спроведете преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Системот Ви е достапен 24 часа секој ден. Разгледувањето на пријавите ќе се врши од понеделник до петок, од 8:30 – 16:30 часот.
Воведена нова категорија на подносител на пријави во Единствениот Трговски регистар преку Системот за е-регистрација

Со најновите измени на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Службен весник на Република Македонија бр.97/2015) и измените на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр. 88/2015), проширен е опфатот на категоријата  “регистрационен агент”, со воведување на адвокатите како овластени подносители на електронска пријава на упис на основање, промени и бришења преку Системот за е-регистрација.
 

Со измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица  (Службен весник на Република Македонија бр.70/2013) е воведена нова категорија на подносител на пријави “регистрационен агент” во Единствениот Трговски регистар преку Системот за е-регистрација.

 

 

Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на правни лица. - 03.01.2011

Во работа е пуштен системот за електронска регистрација на правни лица. Преку системот подносителите ќе може да ги спроведат сите типови на уписи во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица без да мора да дојдат во регистрационите канцеларии на Централниот регистар.