Кои се основните разлики помеѓу поднесување во хартиена и електронска форма?
Основните разлики помеѓу поднесувањето на пријави и документи за упис во регистарот на шалтер и електронски се дадени во следнава табела:
Активности и услуги |
Поднесување во канцелариите на ЦР |
Електронско поднесување |
Форма на документи |
Хартиена |
Електронска |
Начин на верификација на документи |
Со потпис и печат од учесниците во постапката (основачи, застапници по закон, итн.) |
Електронски потпис од од учесниците во постапката (основачи, застапници по закон, итн.) |
Комуникација помеѓу подносителот и регистарот |
Директна во канцелариите на ЦР или преку пошта |
Посредна преку Системот за електронска регистрација |
Плаќање на тарифата |
Преку носителите на платниот промет (банки, пошта, итн.) |
Преку Системот за електронска регистрација |
Известувања, потврди и решенија |
Хартиена форма, директно во канцелариите на ЦР или преку пошта |
Електронска форма, преку Системот за електронска регистрација |
Каде да се обратам за дополнителни појаснувања за електронска регистрација?
Дополнителни објаснувањa може да се добијат од Одделението за техничка помош на Централниот регистар, на тел.: +389 2 3288294, со испраќање на e-mail порака на tehnickapoddrska@crm.org.mk, или преку остварување контакт со следните лица:
Име и презиме |
Телефон |
E-Mail |
Ленче Петрова Киранџиска |
077 677 626 |
Lence.PetrovaKirandziska@crm.org.mk |
Соња Вугерт |
077 590 686 |
Sonja.Vugert@crm.org.mk |
Катерина Богојеска |
077 737 355 |
Katerina.Bogojeska@crm.org.mk |
Кои се роковите за упис во регистарот и одговор на барањата?
По исполнување на условите за упис (целосно комплетирана документација), во рок од 4 (четири) часа за упис на основање, односно нареден работен ден при упис на промена и бришење.
Во регистарот се упишуваат Трговски друштва (АД, ДОО, ДООЕЛ, ТП, ЈТД, КДА, КД, итн.), Адвокати, Нотари, Занаетчии, итн.