ПМВ LEXSUS F3 LS 430 (494908)  Аукција без почетна цена

ЛАЗОВ ГРУП ДООЕЛ во стечај Скопје

Наддавањето за овој производ заврши.

Вашите опции за листинг

за повеќе опции
Статус: Успешни  
Content/listingImages/20170407/c11d8816-fe49-418d-974c-52e0c4b2c9ee_fullsize.jpg
Тековна понуда:  
Нема загарантирана цена  
Наддавањето завршува: понеделник, 24 април 2017 11:40:00
Историја на понуди: 1 Понуди  
Наддавањето започна: понеделник, 24 април 2017 11:00:00
Прегледи на страната: 1543  

За продавачот

Од страна на:  dushko.todevski.w1
Фидбек : 0   
Прикажи други листинзи од истиот продавач

Опис

Врз основа на   член 98 и 99 од Законот за стечај, по предходно извршена проценка на имотот,должникот ЛАЗОВ ГРУП ДООЕЛ – во стечај Скопје, објавува:

 

ОГЛАС                                                                                              

за прва продажба  на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена

 

Патничко моторно возило со 5 места за седење, марка LEXUS F3 тип и модел LS 430, рег.бр. SK- 430 MC, со проценета вредност од 250.628,69 денари.

      Минимален износ на наддавање е 10.000,00 денари

 

Продажба на горе наведениот имот ќе се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.

            Заинтересираните правни и физички лица за купување на горе наведениот имот се најавуваат преку системот за Е-Аукција при Централниот Регистар на Република Македонија до стечајниот управник Душко Тодевски дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.

            Имотот се продава по системот видено-купено. Дополнителни рекламации не се признаваат.

            Огласот за електронска продажба се објавува во два дневни весника.

             Информација за имотот предмет на продажба, заинтересираните учесници можат да добијат исклучиво во работен ден,  во период од 10,00 часот до 14,00 часот, кај стечајниот управник Душко Тодевски на телефон 070 728 021.

            Право на учесто во електронска продажба  имаат учесниците кои најдоцна до 20.04.2017 година ќе уплатат 10% од проценетата вредност на имотот , на с-ка на ЛАЗОВ ГРУП ДООЕЛ – во стечај Скопје  250-0100002590-52  при  Шпаркасе банка  Македонија АД Скопје, со назнака депозит за учество на јавна продажба, или да достават банкарска гаранција на овој износ на адреса Стечаен управник Душко Тодевски, улица Владимир Комаров број 40/8 Скопје.

            Електронска продажба со јавно надавање без утврдена почетна цена ќе се одржи на 24.04.2017 година, со почеток во 11,00 часот, и ќе трае 30 минути односно до 11,30.

            Доколку понудувачот поднесе понуда во последните 10 минути пред крајот на аукцијата, истата ќе биде продолжена за 10 минути.

            По завршувањето на електронската аукција Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите на наддавањето.

            Собранието на доверители ја носи конечната одлука дали имотот ќе биде продаден по постигната највисока цена на електронската продажба со јавно надавање, а понудувачите ќе бидат известени во рок од 3 дена сметано од денот на одржувањето на Собранието на доверителите.Понудувач чија понуда ќе биде избрана како најповолна, должен е да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од 15 дена сметано од денот на доставувањето на решението на стечајниот судија, во спротивно го губи правото на враќање на депозитот.На учесниците на јавно наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од 5 дена од денот на електронското јавно наддавање.

            Сите даноци и други давачки поврзани со продажбата на имотот / ДДВ и други даноци, нотарски и други заверки, адвокатски и други услуги / ги плаќа купувачот.

                                                                                               

                                                                                                Стечаен управник

Дополнителни информации

Проценета вредност: 250.628

Дозволени учесници

.