www.crm.com.mk
Најнови информации
  • 01.09.2012  -  Во работа е пуштен системот за водење на Регистарот на задолжници.   повеќе...

  • 01.09.2012  -  Тарифа - за надоместоци за упис и барање на информации од регистарот на задолжници.   повеќе...

  • ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ
    Сите пријави за упис во регистарот се поднесуваат исклучиво електронски од страна на подносителите (нотари, носители на платен промет, извршители и стечајни управници)
    ИНФОРМАЦИИ ОД РЕГИСТАРОТ
    Од регистарот се издаваат два типа на информации (за активни задолжници или за задолжници во одреден период):
  • За субјект во својство на должник. Примерок од информацијата
  • За субјект во својство на должник и доверител. Примерок од информацијата
  • Најчесто поставувани прашања
    Како се издава задолжница?
    Задолжница се издава исклучиво кај нотар само при должничко доверителски односи меѓу правни лица (трговци според формата и дејноста согласно со Законот за трговските друштва).
    Кој може да биде подносител на пријави за упис во регистарот?
    Согласно Законот за задолжница подносители на пријави може да бидат исклучиво нотари, носители на платен промет , извршители и стечајни управници.
    Дали може да се поднесе пријава за упис во регистарот во хартиена форма?
    Пријавите во регистарот се поднесуваат исклучиво во електронска форма преку интернет користејќи го системот за водење на регистарот на задолжници.
    Како се добива информација од регистарот?
    Информациите од регистарот може да се добијат по електронски пат кај подносителите на пријави (нотари, извршители и стечајни управници) или во хартиена форма во регистрационите канцеларии на Централниот регистар.
    На кој начин се плаќа надоместок за упис во регистарот и добивање на информација?
    Плаќање на надоместокот при упис во регистарот и добивање на информации по електронски пат кај подносителите на пријави (нотари, извршители и стечајни управници) се врши согласно тарифа, исклучиво електронски за што е потребно да поседувате платежна картичка наменета за интернет трговија, поддржана од Casys интернационален картичен систем. За повеќе информации обратете се кај банката издавач на платежната картичка и Casys интернационален картичен систем. Плаќање на надоместокот за добивање на информации во хартиена форма од регистрационите канцеларии на Централниот регистар, се врши согласно тарифа, во канцелариите на ЦР со платежна картичка преку ПОС терминал или на друг начин (уплатница, електронско банкарство, итн.) овозможен од носителите на платниот промет во Република Македонија.
    Каде да се обратам за дополнителни информации?

    За дополнителни информации и техничка помош, контактирајте не преку zadolzhnica@crm.org.mk, тел. (02) 3288 293, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.