www.crm.com.mk
Најнови информации
  • 01.09.2012  -  Во работа е пуштен системот за водење на Регистарот на задолжници.   повеќе...

  • 01.09.2012  -  Тарифа - за надоместоци за упис и барање на информации од регистарот на задолжници.   повеќе...

  • ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ
    Сите пријави за упис во регистарот се поднесуваат исклучиво електронски од страна на подносителите (нотари, носители на платен промет, извршители и стечајни управници)
    ИНФОРМАЦИИ ОД РЕГИСТАРОТ
    Од регистарот се издаваат два типа на информации (за активни задолжници или за задолжници во одреден период):
  • За субјект во својство на должник. Примерок од информацијата
  • За субјект во својство на должник и доверител. Примерок од информацијата
  • Упис во регистарот:
    1. Обезбедете сертификат

    За дополнителни информации и техничка помош, контактирајте не преку zadolzhnica@crm.org.mk, тел. (02) 3288 293, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

    Обезбедете дигитален сертификат

    Секоја пријава во регистарот задолжително треба да биде електронски потпишана со квалификуван дигитален сертификат на подносителот (нотар, извршител, стечаен управник) издаден на негово име во соодветно својство.

    За добивање на квалификуван дигитален сертификат Ве молиме обратете се кај овластените издавачи на територијата на Република Македонија: КИБС АД - Скопје и Македонски Телеком АД – Скопје.

    При пополнување на формуларот за добивање на квалификуван дигитален сертификат кај Издавачот на сертификати, покрај останатите податоци е потребно:

    • Доколку лицето кое бара сертификат е нотар/извршител или негов заменик/ помошник, задолжително да се пополни и полето Организација (O) со називот на субјектот запишан во Регистарот на други правни лица,
    • Доколку лицето кое бара сертификат е во својство на заменик или помошник, задолжително да се пополни и полето Организационен оддел (OU), со соодветното својство (Заменик нотар/Помошник нотар/Заменик извршител/Помошник извршител).

    Овие податоци треба да бидат задолжителни елементи од дигиталниот сертификат.